Спорт
Канело Алварез го раскина најбогатиот боксерски договор во историјата од 365 милиони долари
Една од најголемите боксерски ѕвезди на денешницата, Мексиканецот Саул Канело Алварез, го раскина најбогатиот договор во историјата на боксот од 365 милиони долари прекинувајќи ја соработката со „Голден бој промоушнс“ на Оскар дела Хоја и ДАЗН.
Според менаџерот на Алварез, Еди Рејносо, 30-годишниот Алварез сега станува слободен агент и веќе има најавено меч против Кејлеб Плент на 19 декември.
„Во мојата улога како тренер на Саул Алварез објавувам дека од денеска Канело станува слободен агент за да продолжи со својата кариера. Работиме напорно на враќањето во рингот за да докажеме дека мексиканскиот бокс е најдобриот“, вели Рејносо.
Алварез потпиша договор за 11 меча вреден неверојатни 365 милиони долари со ДАЗН во октомври 2018 година, но откако во две години имаше само три меча според договорот, ги тужеше Оскар дела Хоја и ДАЗН за 280 милиони долари за неисполнување на условите на договорот.
Алварез (53-2-1, 36 КО) последен пат боксуваше во ноември 2019 освојувајќи ја ВБО-титулата во среднотешка категорија со нокаут во 11. рунда против Сергеј Ковалев за негова четврта титула во кариерата.
✍?#TEAMCANELO?? pic.twitter.com/zB2M3Esh4T
— EDDY REYNOSO (@CANELOTEAM) November 6, 2020
Канело Алварез со најбогатиот спортски договор во историјата тежок 365 милиони долари!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

