Контакт

Спорт

Жозе стана инстаграм-ѕвезда, па призна дека спонзорите го убедиле

Објавено пред

Инстаграм-профилот на Жозе Мурињо предизвикува огромно внимание во последно време откако менаџерот на Тотенхем ја користи својата специфична смисла за хумор за коментари за секоја фотографија и сега Специјалниот признава дека на тоа го убедиле неговите спонзори.

dobivaj vesti na viber

Тој првично го затвори својот инстаграм-профил пред неколку години, но сега е полн со саркастични коментари иако вели дека не им праќа пораки на своите играчи со тоа.

„Не, не е целта да се праќаат пораки до моите играчи бидејќи тоа можам да им го кажам лично. Уште не сум вистински човек за ‘Инстаграм’ по природа, и да бидам искрен, тоа го побараа моите спонзори. Тие сметаа дека го затворив профилот со неколку милиони следбеници и тоа не беше во ред. Сега го правам тоа. Малку по малку, навистина е смешно и не ми е проблем“, вели Мурињо.

Еве мал дел од неговите интересни фотографии:

Кога ќе победиш, а не си играл особено добро:

 

View this post on Instagram

 

When you win but you don’t play especially well @pfcludogorets1945

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on Nov 5, 2020 at 11:56am PST

Лошите перформанси заслужуваат лоши резултати. Се надевам дека сите во автобусот се изнервирани како мене. Утре, 11 часот, тренинг.

 

View this post on Instagram

 

Bad perfomances deserve bad results. Hope everyone in this bus is as upset as I am. Tomorow 11 AM training.

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on Oct 29, 2020 at 1:29pm PDT

Уште еден лет, уште еден филм, уште еден меч од Лига Европа.

 

View this post on Instagram

 

One more flight, one more movie, one more @europaleague match @spursofficial

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on Oct 28, 2020 at 9:26am PDT

По голема победа во тежок меч. Знакот на времето.

 

View this post on Instagram

 

After a great victory in a really hard match… Sign of the times ?? Well done boys #COYS

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on Oct 26, 2020 at 3:53pm PDT

Три топки… Три гола што ги примивме од Вест хем? Три фантастични гола што им ги дадовме? Или 2 трофеја од Лига Европа, кои ги имам в џеб, со трета за која ќе се борам?

 

View this post on Instagram

 

@adidas

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on Oct 14, 2020 at 9:27am PDT

Спорт

Барселона засекогаш му ја затвори вратата на Нико Вилијамс

Објавено пред

Првата ѕвезда на преодниот рок во Шпанија, па и пошироко, Нико Вилијамс, повотрно ја одби Барселона. Крилниот напаѓач го продолжи договорот со Атлетик Билбао до 2035. Откупната клаузула во договорт сега изнесува 95 милиони евра. Откако втор пат ја одби Барселона, Каталонците решија да му ја затворат вратата засекогаш.

dobivaj vesti na viber

За потсетување, медиумиуте тврдеа дека Вилијамс го договорил трансферот во Барселона преку својот менаџер. Дел од медиумите во Шпанија пишуваат дека се премислил бидејќи Барселона не можела да гарантира дека ќе биде регистриран.

Поради тоа решил да остане во Билбао, каде го добил најголемиот договор во историјата на клубот.

Барселона дозна, преку официјалната веб-страница на Атлетико, дека Вилијамс ја продолжил соработката со актуелниот клуб.

Фактот што претходно не ги информирал за својата одлука не му се допаднал на Џоан Лапорта. Првиот човек на Барселона, како што дознава каталонскиот „RAC1“, решил засекогаш да му ја затвори вратата на Вилијамс.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Херкул го испрати Ал Хилал дома

Објавено пред

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

dobivaj vesti na viber

Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0).

Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.

Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас.

Прикажи повеќе...

Спорт

Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Објавено пред

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.

dobivaj vesti na viber

Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.

Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.

Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.

Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.

Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.

Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.

Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.

Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.

Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ7 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ7 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија8 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија10 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија10 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ11 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија13 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија13 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија14 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ15 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ16 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија16 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион16 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа18 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион19 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија19 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија19 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...