Спорт
Капитенот на Аталанта му се извини на Кулибали за расистичките навреди од фановите
Расизмот и понатаму е горлив проблем на италијанскиот фудбал кој постојано излегува на површина и на највисоко ниво. На неодамнешниот натпревар на Аталанта и Наполи во Бергамо, каде гостите ја продолжија борбата за шампионската титула и победија со 1:3, капитенот на Наполи, Сенегалецот Калиду Кулибали повторно беше цел на расистички дел од публиката.
По овој инцидент, капитенот на Аталанта, Мартен де Рон, му се извини на фудбалерот на Наполи за скандалозното однесување на навивачите.
„Ме натажува фактот дека во фудбалот се уште постои расизам. Во име на сите вистински навивачи на Аталанта и луѓето од Бергамо, сакам да му се извинам на Кулибали“, изјави капитенот на Аталанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Циципас и српски таксист: Ти си Гризман?!
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас сподели со своите следбеници на социјалните мрежи анегдота со српски таксист во Чикаго.
Неговата сличност со Антоан Гризман дојде до израз.
„Ме возеше српски таксист во Чикаго“, ја започна својата приказна грчкиот тенисер. „Ме погледна право во очи и ме праша: Антоан Гризман?
Јас реков: Не.
Ми намигна и рече: Добар обид.
Сега изгледа играм за Атлетико Мадрид“, заклучи Циципас.
Got picked up by a Serbian bicycle taxi driver in Chicago.
He looked me dead in the eye and said, “Antoine Griezmann?”
I said no.
He winked and said, “Nice try.”
I guess I play for Atletico Madrid now.
— Stefanos Tsitsipas (@steftsitsipas) October 25, 2025
Спорт
(Видео) Трет триумф во низа – Манчестер јунајтед го победи Брајтон
Манчестер јунајтед ја забележа третата победа во низа, во Премиер лигата, што никогаш не се случило во ерата на Рубен Аморим.
Повеќекратните европски шампиони, во деветтото коло, го победија Брајтон со 4:2.
Серијата голови ја отвори Матеус Куња со одличен шут. Во 24-та минута, Бразилецот упати удар од околу 20 метри во левиот агол на голманот на Брајтон, кој беше немоќен.
Само 10 минути подоцна, предноста беше удвоена со многу среќа. Стрелец беше Касемиро, лошо шутираше Бразилецот, но на патото кон голот закачи еден играч на Брајтон и заврши во мрежата.
Во второто полувреме Мбумо му донесе на Јунајтед недостижна предност во 61-та минута.
Брајтон успеа да го намали резултатот во 74-та минута преку ветеранот Дени Велбек, инаку поранешен играч на Манчестер Јунајтед. Целосна неизвесност внесе младиот 18-годишен Грк Костулас, со голот во 92-та минута.
Надежите на гостите дека можат да направат чудо ги урна Мбумо со вториот гол на натпреварот во седмата минута од судиското продолжение.
Јунајтед сега го зазема четвртото место на табелата со 16 бода. Брајтон е на 11-та позиција со 12 бода.
Спорт
(Видео) Наполи го победи Интер – Бизарна повреда на Де Брујне
Наполи во дербито на осмата рунда во Серија, го победи Интер со 3:1 (1:0) и се врати на челната победа на табелата. Натпреварот на „Диего Марадона“ стадионот ја обележа бизарната повреда на Де Брујне и спектакуѕларните голови на Мектоминеј и Ангиса. Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас на теренот влезе во 82-та минута кога го замени Политано.
Наполи победи во дербиот, кое имаше чуден тек, барем во првото полувреме. Интер доминираше во првиот дел, создадоа играчите на Кристијан Киву неколку опасни шанси, но она што не го одбрани Милинковиќ-Савиќ, заврши во рамката на голот. Пречката ја погоди Бастони, а стативата Дамфрис.
Предност на Наполи му донесе Де Брујне од пенал во 33-та минута. Пеналот го направи Михитаријан со невнимателен старт воз Ди Лоренцо. Бизарно, но Де Брујне кога го изведе пеналот се повреди. На крајот со помош на медицинскиот тим го напушти теренот. Во вториот дел, репрезентативецот на Белгија, со помош на патерици дојде до клупата.
Вториот дел го обележаа головите на играчите на Наполи, постигнати по лошите реакции во послената линија на Интер.
Најдобриот играч во Серија А минатата сезона, Мектоминеј, испрати вистинска бомба во голот на Зомер во 54-та минута. со што го врати водството на својот тим.
Пет минути подцна, Бонџорно играше со рака, Интер доби пенал, а Чалханоглу го намали резултатот. Надежите на Интер дека ќе избегне пораз во Неаполо ги уништи Ангиса со прекрасна соло акција од која погоди во 66-та минута.
Foto/ EPA

