Спорт
Карагер: Ако го казнат Евертон, Манчестер сити треба да го исфрлат во Националната лига – Север
Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер (45) смета дека Манчестер сити ќе биде „спуштен“ пет рангови на англискиот фудбал доколку биде осуден за кршење на финансискиот фер-плеј.
Карагер ова го изјави коментирајќи ја можноста Евертон да добие казна поради прекршување на тоа правило.
„Премиер лигата сака да го казни Евертон со одземање 12 поени поради едно обвинение. Манчестер сити ќе заврши во Националната лига Север (шеста лига) ако Премиер лигата тргне по нив. Неверојатно е колку приказни „се појавуваат“ за ситуацијата во која Евертон, а случајот со Манчестер сити, кој има 114 обвиненија повеќе од него и кој долго време се соочува со ова, со тоа се занимава многу подолго, поминува тивко“, напиша Карагер.
Според информациите на „Дејли мејл“, Евертон и претставници на Премиер лигата тајно се сретнале за да го започнат сослушувањето на клубот од Ливерпул за наводите за прекршување на финансискиот фер-плеј. „Карамелите“ беа обвинет уште во март и ги отфрли сите пријави против нив. Во март, Евертон пријави финансиска загуба од речиси 372 милиони фунти (426 милиони евра) од претходните години, а дозволената лимит е 105 милиони фунти. Наводно, три клуба подготвуваат тужба против Евертон (Барнли, Лидс и Лестер) и ќе бараат 300 милиони фунти за изгубена добивка поради испаѓањето од Премиер лигата, додека Евертон остана во неа иако, како што пишува во „обвинението ги прекрши правилата“.
За тоа време Манчестер сити со години е „под лупата“ на дисциплините на УЕФА поради кршење на финансискиот фер-плеј, а во февруари 2020 година беше осуден на двегодишна суспензија од европските купови, но таа пресуда беше подоцна промени во Судот за спортска арбитража (CAS) во Швајцарија.
Тогаш „Граѓаните“ беа обвинети дека не доставиле точни финансиски информации, дека не го почитувале финансискиот фер-плеј на УЕФА и дека не ги почитувале правилата на Премиер лигата кои ја регулираат таа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата
Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона.
Палмер, кој летово пристигна во Челси од Манчестер сити, постигна 22 гола на 33 натпревари и забележа десет асистенции.
Тој е водечка сила на сините оваа сезона, а на последните три натпревари постигна по два гола.
Тој победи во конкуренција на Александер Исак (Њукасл), Коби Мајно (Манчестер јунајтед), Букајо Сака и Вилијам Салиба (Арсенал) и Дестини Удоги (Тотенхем).
Траката за Златната копачка во Премиер лигата, Палмер ќе ја заврши на второто место зад Ерлинг Халанд од Манчестер сити, кој постигна 27 гола.
И не само тоа, 22-годишниот Палмер е номиниран и за најомилен играч на гласањето на навивачите во Премиер лигата.
Офанзивниот играч за врска на Челзи неодамна беше прогласен и за играч на месец април во Премиер лигата, откако постигна седум гола на четири натпревари.
Треба да се додаде дека тој со огромно мнозинство ја освои наградата за најдобар играч на Челзи оваа сезона.
Спорт
Салфетката на која Меси потпиша за Барселона продадена за 760.000 фунти
Салфетата на која Лионел Меси ја потпиша согласноста дека ќе и се приклучи на Барселона во 2000 година е продадена за 760.000 фунти (околу 888.000 евра), објави во петокот британската аукциска куќа Бонамс.
Бонамс првично очекуваше продажната цена да биде во опсег од 300.000 фунти до 500.000 фунти. Онлајн аукцијата траеше од 8 до 17 мај.
„Салфетката ја промени судбината и на клубот и на Меси, кој стана еден од најголемите играчи на сите времиња“, објави Бонамс.
Овој фудбалски сувенири бил внимателно чуван во сеф од Хорасио Гаџиоли, тогашниот менаџер на Меси. На салфетката не е само потписот на Меси, туку и потписите на Карлес Рексач, тогашниот спортски директор на Барселона и Хосеп Марија Мингела, скаутот за таленти кој го препозна потенцијалот на Меси.
Салфетката, која беше потпишана за време на ручекот во „La Reial Societat de Tennis Pompeia“ во Монжуик, содржи писмена обврска од Рексач.
„Во Барселона, на 14 декември 2000 година, во присуство на господата Мингела и Хорасио, Карлес Рексач, спортски директор на ФК Барселона со ова се согласува, под негова одговорност и без разлика на какви било спротивни мислења, да потпише договор со играчот Лионел Меси под услов да се држиме до договорените суми“, пишува на салфетката.
Меси, кој оттогаш освои голем број големи титули, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и Светското првенство, имаше само 13 години кога се приклучи на академијата на Барселона, откако дојде од аргентинскиот клуб Њуелс Олд Бојс.
Спорт
Алкалоид го победи Вардар 1961, ќе се бори за трофејот во Купот
Фото/ facebook.com/rkalkaloid
Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13).
Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен.
Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го искорсит последниот напад, а Вардар 1961 во последната секунда избори седмерец.
Голамнот Галевски го одбрани ударот на Срдановиќ. Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Арно Бинго со шест гола.
Финалниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра в недела од 19:30 часот.