Спорт
Карагер во одбрана на Бензема: И јас сум го правел истото!

Легендарниот англиски дефанзивец, Џејми Карагер (42) застана во одбрана на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој на полувремето на мечот на „Кралевите“ против Борусија Менхенгладбах на соиграчот Менди му сугерира да не му ја подава топката на Винисиус.
„Тоа што го стори Бензема е нешто што и јас самиот го правев, а ако јас тоа сум го рекол за некој друг, можам да гарантирам дека истото некој го рекол и за мене“ вели Карагер.
Екс-дефанзивецот на Ливерпул објасни дека постојат две страни.
„Постои една страна, ако мислите дека со тоа навистина и помагате на својата екипа, што мислам дека е случај во оваа ситуација. Постои и опција поради тоа што двајцата се напаѓачи, ако Бензема тоа му го рекол од себични причини, тогаш тоа не е во ред“ смета Карагер.
Во секој случај, Англичанецот смета дека ваквиот тип „озборување“ е оправдан.
„Ако некој игра лошо, тогаш јас сум бил во истата ситација многупати, што на полувреме, што на тренинг. Често му велите на голманот `Фрли ја топката на другата страна, тој се мачи и игра лошо. Додај му на десниот бек, немој на левиот`. Тоа не е нешто што не се случува, само што Французинот го фатија“ – смета екс-фудбалерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.