Спорт
Кардиф бара начин да не го плати обесштетувањето за Сала

Кардиф и Нант веројатно ќе завршат на суд поради обесштетувањето за Емилијано Сала. Аргентинскиот фудбалер, кој од Нант се преслеи во Кардиф, трагично настрада во авионска несреќа над Ла Манш на 21 јануари.
Трансферот на Сала е рекорден во историјата на Кардиф, клубот се обврза да плати за Аргетинецот 17 милиони евра. Сепак, сега кога се случи несреќата, во Кардиф на сите начини се обидуваат да го избегнат плаќањето.
„Сè уште собираме информации за целиот процес. Кога ќе го составиме мозаикот, убеден сум дека ќе се договориме со Нант и ќе продолжиме понатаму“, рекол претседателот на Кардиф, Мехмер Далман.
Тој потврдил дека од Нант му се заканиле со тужба бидејќи не го почитувале договорот.
„Ние сме чесен клуб. Доколку договорот не обврзува, тогаш ќе го исплатиме обесштетувањето. Но, доколку тоа не мораме да го направиме, а мислам дека има некакви неправилности, тогаш логично е дека како претседател, ќе работам за доброто на клубот“, заклучил Далман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.