Спорт
Кари игра за најголема плата, Јокиќ на 24. место
Кошаркарот на Голден стејт вориорс Стеф Кари и во сезоната 2021/2022 ќе биде најплатениот играч во НБА-лигата. Кари ќе игра за плата од 45.780.998 долари. Веќе пет години Кари се наоѓа на врвот на листата.
Покрај ѕвездата на Вориорс, уште шестмина кошаркари можат да се пофалат со плата поголема од 40.000.000 долари. Тоа се Џон Вол, Расел Вестбрук, Џејмс Харден, Демијен Лилард и Леброн Џејмс.
Топ 10 на оваа листа се комплетира со Кевин Дурент, Пол Џорџ, Јанис Адетокумбо и Клеј Томпсон.
Минато сезонскиот МВП, Никола Јокиќ, на оваа листа се наоѓа на 24.место. Јокиќ сезонава ќе заработи 31.579.390 долари.
Топ 10:
1. Стеф Кари 45.780.966 долари
2. Џон Вол 44.310.840
3. Расел Вестбрук 44.211.146
4. Џејмс Харден 43.848.000
5. Демијен Лилард 43.750.000
6. Леброн Џејмс 41.180.544
7. Кевин Дурент 40.918.900
8. Пол Џорџ 39.344.970
9. Јанис Адетокумбо 39.344.970
10. Клеј Томпсон 37.980.720
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наполи за полувреме ја реши Аталанта
Фудбалерите на Наполи ја победија Аталанта со 3:1 во натпреварот од 12-то коло на Серија А.
Новиот тренер на Аталанта, Рафаеле Паладино дебитираше со пораз на тереното на актуелниот италијански шампион. Пред репрезентативната пауза тој го замени Иван Јуриќ.
Наполи ја заврши работата во првото полувреме, кога постигнв три гола.
Давид Нерес двапати ја затресе мрежата на гостите, а Ноа Ланг исто така постигна гол во 45-та минута. Во второто полувреме, резервистот Џанлука Скамака успеа да го постигне почесниот гол за Аталанта.
Со оваа победа, Наполи се врати на врвот на табелата, има бод повеќе од Интер, Рома и Болоња. Рома и Интер в недела ќе ги одиграат своите натпревари од 12-то коло. Аталанта има само две победи од почетокот на сезоната, се наоѓа на 13-то мести и нема победа на последните осум натпревари.
Спорт
Играч на „Брегалница“ нападнат за време на натпревар, приведен 36-годишник од Арачиново
Вчера околу 13:50 часот, на стадионот „Фортуна“ во Скопје, полицијата привела 36-годишен маж од селото Арачиново. Тој за време на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на „Брегалница“.
Интервенирале полициски службеници од скопската полиција, кои веднаш го привеле напаѓачот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Спорт
(Видео) Пол Погба повторно игра фудбал
Пол Погба по пауза од 811 дена, односно по две години, два месеци и 19 дена, му се врати на фудбалот. .
Поранешниот француски репрезентативец, последен пат беше на теренот во дресот на Јувентус, одигран на 3 септември 2023 година против Емполи, по што беше суспендиран поради позитивен допинг тест и првично беше суспендиран од професионалниот фудбал четири години.
Неговата казна подоцна беше преполовена, па некогаш фантастичниот играч од средниот ред му се врати во фудбалот на 33-годишна возраст, овој пат како играч на Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Фоконоли го внесе Погба во игра во 85-та минута од натпреварот од француското првенство, во кој нивниот тим беше убедливо поразен. Со десетмина на теренот, во тој момент Монако веќе губеше со 4:1 на гостински терен од Рен.
Останува да се види дали овие минути ќе значат големо враќање во фудбалот за светскиот шампион од Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото/ Принтскрин

