Спорт
Организаторот на летот на Сала признал дел од вината

Човекот кој е обвинет дека го организирал летот во кој загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала во 2019 година прифатил само дел од обвинувањата.
Дејвид Хендерсон признал дека се обидел да го организира летот на патникот без валидна дозвола, но ги негирал обвинувањата дека со тоа ја загрозил безбедноста на леталото.
Авионот во кој беа 28-годишниот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон (59) се урна во Ла Манш, во јануари 2019 година. Телото на Сала беше пронајденот наредниот месец, додека телото на пилотот не е најдено.
На Хендерсон (67), сега ќе му се суди по посебно обвинение, подигнато од страна на Управата за цивилно воздухопловство. Тој е обвинет дека ја загрозил безбедноста на леталото и дека работел без дозвола.
На рочиштето во октомври 2020 година беше кажано дека на пилотот Иботсон дозволата за комерцијално управување со авион му истекла во ноември 2018 година.
Се очекува судењето на Хендерсон да трае 10 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.