Спорт
Картичка со ликот и потписот на Том Брејди продадена за 1,32 милиони долари

Картичка од 2000 година, со ликот и потписот на најтрофејниот квотербек во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди, на он-лајн аукција е продадена за неверојатни 1,32 милиони долари.
Милионска сума, за картичката од серијата „2000 Playoff Contenders Championship Ticket“, издвоил познатиот колекционер на картички, инаку голем фан на Брејди, Џејмс Парк.
„Форбс“, богатството на овој бизнисмен, го проценува на 600 милиони долари.
Претходниот рекорд, за една ваква картичка е поставен минатиот месец, кога за картичка со ликот на Патрик Махонс биле платени 861.000 долари.
Том Брејди (43), во моментов е играч на Тампа Беј Баканирс. Со овој тим тој неодамна го освои седмиот шампионски прстен во кариерата.
Бреји в НФЛ игра од 2000 година, кога како 199 пик, во шестата рунда на драфтот, бил избран од Њу Ингланд Петриотс.
A Tom Brady championship ticket rookie card, in an 8, has been sold for $1.32 million by @pwcc.
The same card, in an 8.5, was sold last month by @RickProbstein’s @probstein123 for $1.7M.
Probstein asked 3 of 7 people with a 9 if they would take $5M for the card.
All said no. pic.twitter.com/DNFA74GfNu
— Darren Rovell (@darrenrovell) March 5, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ во одбрана на својот татко по нападите кон Федерер

Новак Ѓоковиќ не сакаше да ги осуди коментарите кои неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ ги упати кон швајцарскиот ривал Роџер Федерер, нарекувајќи го „одличен тенисер, но лош човек“.
„Пред 15 години, Федерер го нападна мојот син кога тој имаше 18 или 19 години. Знаев дека некој е подобар од него. Кажав дека Федерер е голем шампион, но не е добар човек“, изјави постариот Ѓоковиќ.
По камбекот со победа на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ вели дека не се согласува секогаш со изјавите на неговиот татко, но дека секогаш стои зад него.
„Го сакам, тој ми е најголемата поддршка. Не можам да контролирам што кажува, бидејќи секој има право да го каже своето мислење и не се согласувам со сите работи кои ги кажува. Тој е страствен човек и сака да ме заштити, така што секогаш сум зад него“, вели Новак.
Таткото на Ѓоковиќ: Сакаме Федерер да игра уште 5-6 години за да губи од Новак
Таткото на Ѓоковиќ се жали: Како е возможно Федерер 15 пати да биде најфер играч!
Спорт
Украинка го доби најзаслужениот црвен картон во историјата

Фудбалската репрезентација на Северна Ирска се пласираше на Европското првенство за жени во 2022 по 2:0 победата над Украина, а успехот не успеа да го зацени и најочигледниот фаул за црвен картон во историјата.
Украинките мечот го завршија со 10 фудбалерки, откако Натија Панцулаја во 87. минута од мечот реши да ја сопре Сара Колдвел во трчање по топката, и наместо да ја следи топката отиде директно во ривалката. Таа веднаш си замина во соблекувалната, знаејќи дека прекршокот е за црвен картон.
The Northern Ireland vs Ukraine match contained one of the most cynical fouls I have ever seen. It is almost a work of performance art. pic.twitter.com/uRKVdQ1mId
— Scott Pack (@meandmybigmouth) April 13, 2021
Спорт
Кудела доби 10 меча суспензија за расизам

УЕФА потврди дека фудбалерот на Славија Прага, Ондреј Кудела доби суспензија од 10 меча за расистички навреди кон фудбалерот на Глазгов Ренџерс, Глен Камара, кој пак заслужи казна од три меча за тепачката во текот на бурниот меч на „Ајброкс“ во март.
Камара, финскиот репрезентативец, е обвинет дека го нападнал Кудела во тунелот по мечот кој Славија го доби и го елиминираше шкотскиот шампион. Напаѓачот на Ренџерс, Кемар Руф доби четири меча суспензија за ударот со нога во глава на голманот Ондреј Колар (кој доби скршен череп), додека Ренџерс се казнети со 9.000 евра бидејќи не ги контролирале своите фудбалери.
Кудела, преку своите адвокати објави дека е изненаден од одлуката и дека се работи за „валкани обвинувања“, иако призна дека го пцуел фудбалерот.
You have serious racism issues. Clearly Zunga hears what is said as he is looking straight at Kudela and Kamara and clearly speaks to the ref and points at Kudela. Seriously stop lying just to defend racism. You’re starting to look like a fool now. pic.twitter.com/lqsYtYa6wP
— Bukayo MarTiernelli (@NorthBankStar) April 9, 2021
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш