Спорт
Касано: Роналдо е „производ“, а Меси е нешто што никогаш повеќе нема да видиме

Без влакна на јазикот, како и секогаш, Антонио Касано повторно се вклучи во вечната фудбалска дебата, кој е подобар Кристијано Роналдо или Лионел Меси, нарекувајќи го Португалецот „произведен талент“.
Касано, кој му кажа збогум на фудбалот во 2017, од друга страна смета дека Меси е нешто „што нема да видиме повеќе во животот“, споредувајќи го со имиња како Роџер Федерер, Мајкл Џордан и Диего Марадона.
„Кристијано Роналдо е произведен талент. Можете да го забележите како го гради тој имиџ со тренинзите со децата на Инстаграм. Многу се зборува за него, а помалку за Меси, но тие се сосема различни работи во светот на фудбалот. ЦР7 е многу силен, но е граден талент. Меси, од друга страна е Федерер, Џордан, Марадона, нешто што се гледа еднаш во животот, човек со неверојатен талент и подарок од природата“, вели 38-годишниот Италијанец за шпанскиот „АС“.
Иако многумина мислат дека Меси во најдобрите денови во Барселона беше толку исклучителен поради неверојатните соиграчи, Касано вели дека тој ги направил нив.
„Често слушам дека Меси играл со неверојатни фудбалери во Барселона. Јас се сеќавам само на Чави и на Иниеста, а на почетокот тука беше Роналдињо. Меси ги направи фудбалерите како Педро, Дани Алвеш, Маскерано и другите ги направи токму Меси со неговиот талент. Роналдо има цел да дава голови, не му е грижа за тимот или за асистенциите. Меси, пак, помага цел тим да расте и тој ми останува идол“, додава Касано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кукавички потег на Меси, без топка удри противнички играч

Лионел Меси, синоќа, го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона. Каталонците, беа поразени синоќа, во Суперкупот на Шпанија, од Атлетик Билбао (2:3), а Аргентинецот беше исклучен во 120 минута.
Меси, без топка, го нокаутираше напаѓачот на Атлетик, Асиер Виљалибре.
Судијата Хесус Хил Манзано, откако ја погледна снимката, го исклучи најдобриот фудбалер на Барселона.
За меси ова е трет црвен картон во кариерата, претходно два пати, во 2005 и 2019 година бил исклучен во дресот на Аргентина.
Меси се соочува со жестока казна. Ваков прекршок, според правилникот на Ла Лига се казнува со суспензија од четири до 12 натпревари.
Messi sees red for an off-the-ball swing. pic.twitter.com/PAW8cm95OR
— ESPN FC (@ESPNFC) January 17, 2021
Спорт
Чупиќ заминува од Вардар

Иван Чупиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар. Специјализираниот ракометен поратал, Planet Handball, објави дека десното крило ќе се врати во Загреб.
Според овој извор, Чупиќ, со Загреб ќе потпише три годишен договор.
Иван Чупиќ, пет сезони е во Вардар, тој даде голем придонес во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.
Спорт
Брилијантни партии на Лука Дончиќ и Никола Јокиќ

Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар во поразот на Далас од Чикаго 101:117. Словенецот го забележа 29 трипл-дабл во кариерата и на вечната листа, на 15.место го мина Мајкл Џордан.
Дончиќ, во лошото издание на неговиот тим, блескаше со 36 пони, 16 скокови и 15 асистенции. Словенецот во првото постигна 30 поени.
На чекор до трипл-дабл беше и Никола Јокиќ. Србинот во поразот на Денвер од Јута 105:109, забележа 35 поени, 14 скокови и 9 асистенции.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира