Спорт
Касемиро погоди со Валјадолид, Реал опасно се доближи до градскиот ривал

Само еден гол постигнаа „Кралевите“ вечерва на гостувањето кај Валјадолид во рамки на 24. коло во Ла Лига, доволен за трите бода да патуваат кон Мадрид.
Реал славеше тешка но заслужена победа благодарение пред се на Касемиро кој прецизно биеше со глава во 65 минута по центаршутот на Крос.
Во отсуство на повредениот Бензема, нападното трио на Кралевите го сочинуваа Жуниор, Асенсио и Маријано, но Реал за 90 минути само двапати биеше во рамките на голот на Масип.
Со овој триумф мадридската екипа се доближи на само 3 поени до лидерот на табелата, Атлетико кој повторно киксна против екипата на Леванте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени

Европската ракометна федерација (ЕХФ) се обиде да го среди „хаосот“ околу неодиграните мечеви во Лигата на шампионите, правејќи сопствена одлука за тоа како би завршил секој меч и кој тим би ги добил поените.
Вардар доби еден поен од мечот кој требаше да се игра на гости кај Пари Сен-Жермен, и два поени од гостувањето која Флензбург, додека третиот неодигран меч, тој на домашен терен против ПСЖ беше доделен на францускиот тим.
Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.
Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет поени и останува уште мечот против Мешков Брест на 4 март во Скопје. Потоа, сите тимови во натпреварите по групи ќе одат во осминафинале.
The EHF has assessed and given its verdict on this season's matches that could not be played in #ehfcl and #ehfel Men. Read more:https://t.co/Bzjdsing8L
— EHF Champions League (@ehfcl) February 26, 2021
Спорт
УФЦ: Џон Џонс се направи ѕвер од 120 килограми!

Легеднарниот поранешен УФЦ-шампион, Џон Џонс, се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.
Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и видеото на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.
„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче и кога ќе се вратам во форма, ќе бидам опасен“, напиша Џонс.
Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020 по што се откажа од титулата и сега, најверојатно, ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.
I feel like I move pretty good for a fat boy, I believe I’ll be moving at my all-time best once I actually get in shape pic.twitter.com/qjEsXfShid
— BONY (@JonnyBones) February 26, 2021
View this post on Instagram
Спорт
Звезда дочекана како победник во Белград

Црвена звезда испадна во шеснаесет-финалето на Лига Европа иако не беше поразена во двомечот со големиот Милан и тоа ги предизвика „делиите“ да им приредат пречек како на шампиони при враќањето во српската престолнина.
Звезда на „Сан Сиро“ одигра 1:1 со Милан и испадна само бидејќи дома прими повеќе голови при 2:2 ремито. На навивачите очигледно им се допадна начинот на кој игра тимот на Дејан Станковиќ како што може да покажат следните фотографии пред стадионот „Рајко Митиќ“.
На него, пак, тимот на Звезда повторно го изведе голот на Павков, со кој на првиот меч во Белград стигнаа до драматично 2:2 реми.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер