Спорт
Касилјас: Сакам да се вратам во Ла Лига
Долгогодишниот чувар на мрежата на „фуријата“ и на мадриски Реал, Икер Касилјас (37), призна дека би сакал да се врати во шпанската Ла Лига. Голманот на Порто вчера ја продолжи верноста кон португалскиот клуб, кој му е само втор клуб во кариерата.
„Би сакал да се вратам во Ла Лига иако мојата кариера во Реал Мадрид и шпанската фудбалска репрезентација се минато. Имав среќа што во таа лига можев да се натпреварувам со години. Ми недостига таа лига“, рече Касилјас.
Тој кусо го коментира и враќањето на Зидан на кормилото на Реал.
„Драго ми е поради неговото враќање, тоа на сите во клубот им ги обновува енергијата и надежта“, посочи голманот.
Касилјас со „фуријата“ има две европски круни и една светска, а со Реал Мадрид освои три наслови првак во Лигата на шампионите, а петпати триумфира во Ла Лига.
Iker Casillas ‘would love to return to La Liga’ despite recently signing one-year contract extension at #FCPorto https://t.co/RCb5vKo78p pic.twitter.com/n3dpedZsDr
— footballespana (@footballespana_) March 19, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

