Спорт
Казахстанки останаа без медалите од ОИ во Лондон
Три репрезентативки на Казахстан во кревање товар останаа без своите златни медали кои ги освоија на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, откако нивните дополнителни допинг тестови биле позитивни.
Меѓународниот олимписки комитет (МОК), објави дека Казахстанките се меѓу осуммте натпреварувачки кои се казнети, откако со новите анализи нивните тестови кои биле сочувани од Лондон, биле позитивни на стероиди.
Покрај трите репрезентативки на Казахстан, МОК и го одзеде бронзениот медал на Белоруска репрезентативка во кревање на товар, а казнети се уште двајца Белоруси, како и двајца руски атлетичари, во фрлање на кладиво и скок во далечина.
Случајот против рускиот репрезентативец во борење, кој во 2012 година освоил бронзен медал е отфрлен бидејќи тој во меѓувреме загина во сообраќајна несреќа.
МОК урнеците од допинг контролите ги чува 10 години, за тие да можат повторно да се тестираат кога новите, подобрени методи, на испитување ќе бидат достапни.
Досега од ОИ во Пекинг и Лондон, МОК објави 98 позитивни тестови, кои биле повторно тестирани. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

