Спорт
Казинс го напушти Хјустон
Демаркус Казинс ја заврши својата авантура во Хјустон рокитс. Информацијата која ја пласираше „Атлетик“ делува изненадувачки, бидејќи минатата недела Хјустон понуди договор, според кој Казинс требаше да заработи 2.300.000 долари до крајот на сезоната.
Хјустон сака да му пружи шанса на Кристијан Вуд, кој во иднина треба да биде стартен центар. Казинс стана слободен играч и тој може да потпише со друг клуб. Се шпекулира дека би можел да заврши во ЛА Лејкерс.
Сезонава Казин има просек од 9,6 поени и 7,6 скока по натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Касемиро ќе го напушти Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед објави дека нема да му понуди нов договор на Касемиро. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на 30 јуни оваа година.
Касемиро ќе бара нов клуб, како слободен играч. Во Манчестер Јунајтед тој пристигна во 2022 година, од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.
Еден од најтрофејните играчи во историјата на модерниот фудбал, кој некогаш беше член на Реал Мадрид во времето кога кралскиот клуб доминираше во Лигата на шампионите, ја потврди својата разделба со англискиот гигант.
„Од моето претставување тука и пристигнувањето на аеродромот, наидов на топол пречек од навивачите. Не само за мене, туку и за целото мое семејство. Уште првиот ден по пристигнувањето на стадионот, тие го скандираа моето име и тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Овој клуб многу ми значи. Секогаш ќе го носам овој клуб со мене и ќе бидам навивач на Јунајтед. Во Англија, ќе носам црвено и ќе му останам лојален на Јунајтед до смрт“, рече Касемиро.
Касемиро со Манчестер Јунајтед ги освои ФА Купот и Лига Купот со Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Андреас Волф ја запре Португалија
Германија со победа над Португалија 32:30 (11:11) ја отвори главната фаза на 17-то Европско првенство во ракомет.
Тимовите од новоформираната Група 1 наизменично водеа во првото полувреме, додека Германците постојано беа во водство во вториот дел, а Португалците направија сè за да ги стигнат, но не успеаја.
Разликата ја направи горманскиот голман Андреас Волф, кој забележа 14 одбрани, додека од другата страна, Густаво Капдевила и Педро Тонишер заедно собраа шест, а во вториот дел имаа само две одбрани. Буквално се што шутнаа Германците заврши во голот на Португалија.
Покрај Волф, кај Германија се истакна Шлориф кој седумте гола ги постигна во второто полувреме. Втор најдобра стрелец во гермнаскиот тим беше Усчинс со шест гола.
Португалија ја предводеше Кико Кошта со 10 гола, по пет постигнаа Мартин Кошта и Луиш Фраде.
Foto/ EPA
Спорт
Приоритет на Ливерпул е Мики ван де Вен
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24).
Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда.
Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк.
Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна кариерата во Волендам.
Одигра 17 натпревари за холандската репрезентација и постигна еден гол.
Со Ван Дајк, тој веројатно ќе го формира стоперски тандем на Холандија на следното Светско првенство.
Foto/ depositphotos

