Спорт
Керкез и Ливерпул се блиску до договор

Милош Керкез со голема веројатност кариерта ќе ја продолжи во Ливерпул. Левиот бек на Бурнмут и унгарската репрезентација го смени менаџерот, па ги интензивира преговорите со водечкиот тим во Премиер лигата, пренесуваат медиумите од островот.
Од моментот кога менаџерот на „црвените“ Арне Слот даде зелено светло дека му треба нов лев бек покрај Ендрју Робертсон и Константинос Цимикас, во преден план излезе името на Керкез.
Ливерпул во летниот преоден рок има намера да го продаде Цимикас, а Робертсон оваа сезона не е на потребното ниво. Робертсон не е продуктивен како досега, забележа една асистенција на 35 натпревари, додека Керкез на 30 натпревари забележа четири асистенции и два гола.
Борнмат инвестираше 17,9 милиони евра во Керкез во јуни 2023 година и според медиумите за него бара 40 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пирели влегува во Мото ГП за нова ера од 2027 година

Пирели ќе стане официјален снабдувач на гуми во „карлската класа“ од 2027 година, кога категоријата започнува нова ера во која моќноста на моторот ќе се намали од 1.000 на 800 кубни сантиметри.
Италијанскиот производител на тој начин ќе го замени Мишлен и ќе стане единствен снабдувач во сите три класи во кои се натпреварува со моторите со внатрешно согорување. Оваа соработка ќе се прошири и во класата MoтoE, а веќе ги вклучува и повеќето од пониските категории.
Светскиот шампионат и Пирели моментално работат на последните детали од договорот, кој ќе биде ексклузивен и ќе трае до крајот на 2031 година.
„Стратегијата да се има еден добавувач на гуми за сите класи ќе обезбеди совршен развојен пат за идните шампиони да ги покажат своите вештини на патеката. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни детали за самите гуми и спецификациите кои Пирели ќе ги испорача“, се вели во соопштението на владеачкото тело на светскиот мотоциклизам, Дорна.
Во однос на моменталната ситуација, Дорна нагласи дека француската компанија ќе продолжи да дава техничка поддршка и првокласна технологија, гарантирајќи безбедност и одлични трки во најсилната класа во светот.
Минатиот викенд во Тајланд започна овогодинешниот Мото ГП шампионат, победи Марк Маркез на Дукати, а следната трка ќе се вози во Аргентина, од 14 до 16 март.
Спорт
Македонските кошаркари во вториот шешир за претквалификациската ждрепка за СП 2027 година

Фото/ kfsm.mk
Кошаркарската репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе го чека извлекувањето на групите за претквалификациските групи за СП 2027 година. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 март.
Репрезентациите ќе бидат извлечени во четири групи, а двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во европските квалификации. Тие ќе им се приклучат на репрезентациите (24) кои ќе учествуваат на овогодинешниот Евробаскет, за кој македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира.
Секоја екипа ќе одигра по четири натпревари, два дома и два на гости, а овие натпревари ќе се одиграат во периодот од 2. до 13. август годинава.
Првата група:
Хрватска
Украина
Унгарија
Бугарија
Втора група:
Холандија
Македонија
Данска
Словачка
Трета група:
Швајцарија
Романија
Австрија
Норвешка
Спорт
Газдарицата на Лејкерси откри зошто се случи размената Дончиќ-Дејвис

Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ.
Бас откри дека Ентони Дејвис не бил задоволен од улога што ја има во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд.
„Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, пренесува „Баскетњуз“.
Иако Дејвис не побара експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека тој не беше целосно среќен во Лос Анџелес. Дејвис јасно ставаше на знаење дека сака да игра на својата природна позиција, како крилен-центар, а не како центар.
Исто така, според новинарот Тим Бонтемпс, Далас планира да го трејдува Дејвис во текот на летото за да ја искористи максимално неговата вредност, бидејќи „Маверикс немаат шанси да освојат прстен со овој тим“.
„Губевме во плеј-офот од Денвер Нагетс во последните три години и навистина немавме ништо што изгледаше поинаку за претстојниот плеј-оф“, додаде Бас.
Дејвис играше за Лејкерс од 2019 до 2025 година, помагајќи му на тимот да го освои шампионскиот прстен во 2020 година. Пред да биде разменет, тој имаше просек од 25,7 поени, 11,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.
Сепак, неговото деби на Маверикс на 8. февруари не можеше да биде полошо.
Дејвис заработи повреда на левиот адуктор, поради што еден месец е надвор од терените.