Спорт
Ќе игра во Интер, а пола плата ќе зема од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и Интер постигнале договор околу Алексис Санчез. Чилеанецот една година, како позајмен играч, ќе го носи дресот на Интер. По завршувањето на сезоната екипата од Милано ќе мора да го откупи неговиот договор.
Алексис Санчез не ги исполни очекувањата откако за сума од 34 милиони фунти и Хенрик Мхитаријан за пресели во Јунајтед. Во Јунајтед на сите начини се обидуваа ова лето да се ослободат од неговиот договор. Санчез неделно заработува речиси 500.000 фунти.
За да се ослободат од него во Јунајтед ја прифатиле понудата на Интер тие и понатаму да исплаќаат дел од платата на фудбалерот. Додека трае позајмицата Манчестер Јунајтед ќе му исплаќа на Санчез неделно по 215.000 фунти.
Чилеанецот за 18 месеци на „Олд Трафорд“ одигра 45 натпревари и постигнал само пет гола. Тој по пауза од осум години повторно ќе игра во Серија А, каде во минатото бил играч на Удинезе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арсенал го заврши трансферот на Зубименди

Фудбалскиот клуб Арсенал наскоро ќе го комплетира првиот трансфер во летниот преоден рок. Како што се најавуваше во изминатите два месеци, во тимот на Микел Артета доаѓа Мартин Зубименди.
Шпанскиот репрезентативец, пристигна во Лондон за да го комплетира својот трансфер од Реал Сосиедад во Арсенал, објави „Атлетик“.
26-годишниот играч од средниот ред треба да ги договори деталите пред договорот официјално да биде финализиран.
Инсајдерот, Фабрицио Романо во петокот објави дека Арсенал ќе плати 65 милиони евра за Зубименди.
Спорт
Прочитајте ја пораката во која Ристовски се збогува со Адеми

Аријан Адеми (34) повеќе не е играч на Динамо. Капитенот на „сините“ го раскина договорот со клубот и ќе ја продолжи кариерата во унгарски Ујпешт.
Динамо се збогува со Адеми со соопштение на официјалните канали.
Адеми е играчот со најмногу трофеи во историјата на клубот, освои 24 трофеи, вклучувајќи 13 титули во лигата. Арјан има и 110 настапи во европски натпревари, што го прави апсолутен рекордер на „сините“.
Тој одигра 430 официјални натпревари за Динамо, се наоѓа на второто место на вечната листа.
Со посебна емотивна порака од Адеми се збогуваше и Стефан Ристовски.
„Во секој тим има срце. Не мора секогаш најмногу да зборува или најмногу да трча, но секогаш кога треба, најсилно чука. За нас, тоа си ти.
Како капитен, не ја носеше само лентата на рака. Носиш одговорност, гордост и сила – и секој пат со насмевка и храброст. Беше лидер кога победуваше, но уште повеќе кога губеше. Твоите зборови мотивираа, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност на сите нас.
Секогаш беше пример на теренот – борбен, искрен, неуморен. Надвор од теренот, брат, пријател и поддржувач. Во секој поглед, капитен што секој тим може да го посака, а ние имаме среќа што те имаме. Ти благодарам за секој дуел, за секоја крената глава, за секоја поддршка и соиграч. Ти благодарам што нè водиш – не само како фудбалер, туку и како човечко суштество“.
Спорт
Маркез на пол-позицијата во Муџело
Марк Маркез ја обезбеди пол-позицијата во Муџело. Шпанецот прв ќе ја стартува спринт трката попладнево на кулната патека и ќе стартува прв утре во главната трка. За возачот на Дукати ова беше јубилејната 100. пол-позиција во кариерата.
Марк стигна до првата стартна позиција со време од 1:44.169. Веднаш до него на стартот ќе биде тимскиот колега, двократниот шампион Франческо Пеко Бањаја. Италијанецот имаше послаб резултат за 59 илјадити делови од секундата.
Помладиот од браќата Маркез, Алекс, возач на Гресини Дукати (+0,083) ќе стартува трет.
Првите десет во квалификациите ги комплетираа Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио, Педро Акоста, Алекс Ринс и Марко Бечеки.
Спринт е закажан за сабота во 15 часот.