Спорт
Кливленд најдоа замена за Рубио

Кливленд кавалирс најдоа замена за повредениот Рики Рубио. Намерата на Кливленд е да го ангажираат ветеранот од ЛА Лејкерс, Режон Рондо.
Рики Рубио се повреди пред неколку дена. Тој ги скина лигаментите во левото колено. Шпанецот мора да оди на операција. Сезоната за него е завршена.
За да го пополнат ростерот, Кавалирси ќе се обидат да го донесат Рондо, играч кој има титули во НБА со Бостон и Лејкерси.
Рондо од почетокот на сезоната настапил на 18 натпревар, во просек игра по 16 минути и бележи по три поени, 3,7 асистенции и две украдени топки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Швјонтек се повлече од Мајами, се повредила кашлајќи

Мајами опен остана без една од најголемите ѕвезди, откако актуелната шампионка и светска тенисерка број 1, Полјачката Ига Швјонтек се повлече поради повреда на реброто.
„Ова беше многу тешка одлука, но најважно е да се сочува здравјето. Во Доха страдав од силна инфекција, а поради кашлањето го повредив реброто. Се обиов да играм, но не сум подготвена бидејќи имам многу болки. Потребна ми е пауза и затоа се повлекувам од Мајами и од Били Џин Кинг купот“, вели Швјонтек, која ќе биде зааменета од Австријката Јулија Грабнер, која загуби во последното коло од квалификациите.
🎾 It was a very difficult decision to make but I have no doubts that health is the most important. ⤵️
🎾 To była naprawdę bardzo trudna decyzja, ale nie mam wątpliwości, że zdrowie jest absolutnie najważniejsze. ⤵️ pic.twitter.com/HjBqrANmy0
— Iga Świątek (@iga_swiatek) March 22, 2023
Спорт
„Хитлерсон“ и неговите другари добија доживотна суспензија

Лацио ги осудија навивачите кои правеа фашистички поздрави на неделното дерби против Рома, и доделија доживотни суспензии за нивните мечеви на виновните, вклучувајќи го и човекот кој носеше дрес со бројот 88 и со натпис „Хитлерсон“.
„Дерби дела капитале“ секогаш било едно од најжестоките мечеви во италијанскиот шампионат, но во последните години, мечот е одбележан со изливи на фашизам од страна на навивачите на Лацио. На социјалните мрежи по неделниот меч се појавија видеа на навивачи кои отпоздравуваат со фашистичкиот поздрав, како и еден навивач кој на својот дрес напиша Хитлерсон и го имаше бројот 88 (кој се поврзува со поздравот Хајл Хитлер).
Лацио во соработка со властите ги идентификувало навивачите.
„Во текот на неделниот меч, три луѓе кои беа идентификувани како протагонисти на однесување кое нема врска со навивањето туку со форми на дискриминација и антисемитизам. Во соработка со полицијата, исто така е идентификуван и човекот кој го носеше дресот со бројот 88 и со натписот Хитлерсон. Тројцата добиваат доживотна суспензија и нема да може да ги следат натпреварите на Лацио“, се вели во објавата на клубот.
Una curva intera che canta cori antisemiti, un “tifoso” in tribuna con la maglia Hitlerson e il numero 88 e noi, come sempre, gli unici a indignarci e a protestare. Possibile che tutti continuino a far finta di nulla? pic.twitter.com/AL3EGejYUf
— Ruth Dureghello (@dureghello) March 20, 2023
Спорт
Лам: Многу е тешко да сакаш тим како Пари Сен-Жермен

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Филип Лам имаше брутална анализа на сезоната на Пари Сен-Жермен по нивната нова елиминација во Лигата на шампиони, токму од Баерн Минхен, велејќи дека играат „здодевен“ фудбал.
Во интервју за „Гардијан“, Лаам вели дека Лионел Меси бил „беспомошен“ на вториот меч со Баерн Минхен бидејќи неговите квалитети се користат во клубот „без причина или насока“.
„Луѓето во ПСЖ едноставно не знаат како колктивно да постигнат гол, како да влијаат на играта. Меси беше беспомошен и очаен на ‘Алијанц арената’. Жал ми е за навивачите на ПСЖ. Нивната надеж дека овој тим ќе расте заедно секоја година умира на неславн начин. Секако веруваат во нешто поинаку. ПСЖ се далеку од клуб кој би сакале да го сакате и покрај толку години инвестиции. Тимот изгледа на луксузна продавница, покажувајќи скапоцени елементи кои никој друг не може да си ги дозволи. Тоа гарантира внимание и спектакл, но не и квалитет“, вели Лам.
Тој исто така го коментираше и Килијан Мбапе.
„Килијан Мбапе е посебна приказна. Тој несомнено има светски квалитет, и во Лига 1 е класа над сите. Но, неговиот талент не се користи. Во Минхен тој постојано ја чекаше топката пред своите нозе и тешко е да се очекува неговата кариера да се крене во Париз“, додава Лам.