Спорт
Клоп го уништи Тирни: Само со тебе имам проблеми, никогаш не си играл фудбал
Јирген Клоп беше бесен на судијата Пол Тирни по 2:2 ремито кај Тотенхем во неделата по двете контроверзни одлуки и црвениот картон кој го доби Енди Робертсон, порачувајќи дека само со него има проблеми.
Клоп беше бесен што Хери Кејн во првото полувреме избегна црвен картон за бруталниот старт над Ендру Робертсон, а подоцна во второто полувреме Робертсон, кој имаше гол и асистенција, доби црвен картон за исто толку брутален старт. Клоп исто така замеруваше што Диого Жота не доби пенал кога беше фаулиран од Емерсон Ројал.
Во снимката, 54-годишниот Клоп му порачува на Тирни дека „никогаш не играл фудбал“ и дека само со него од судиите има проблеми. Во англискиот фудбал критиките за судиите се сфаќаат многу сериозно, така што има големи шанси Клоп да биде казнет финансиски за овој разговор.
Jurgen Klopp to Paul Tierney:
“I have no problems with any other referees. Only you.” #awlive [football daily]pic.twitter.com/Ipqn17XFMa
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) December 19, 2021
?️ "I really have no idea what's his problem with me."
Jurgen Klopp reacts to #LFC's draw at Tottenham and expresses his frustration at the refereeing in the game. pic.twitter.com/5J7y1unOiu
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) December 19, 2021
Дискутабилни картони на дербито – реми за Тотенхем и Ливерпул
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

