Спорт
Клоп: Кога првпат го запознав Мане изгледаше како рапер
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, признал дека не бил воодушевен кога првпат го запознал Садио Мане. Клоп и Сане се запознале во Дортмунд, Сенегалецот бил на проба од екипата на Салцбург.
„Се сеќавам на нашата прва средба. Беше во Дортмунд. Мане беше млад. Имаше капче на главата, сина линија во косата. Изгледаше како рапер. Си помислив: ‘Немам време за ова’. Тогаш ми беше потребен играч кој немаше да ми бара да игра од почеток“, рекол Клоп и дополнил.
„Знам добро да ги проценам луѓето, меѓутоа во овој случај направив голема грешка“.
Мане од Салцбург се пресели во Саутемптон, а од 2016 година е играч на Ливерпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.
Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.
Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.
Tikves markiert in der 41. Minute das 1:0 per Freistoß https://t.co/nOamIuabKS pic.twitter.com/GoNMIrOQ4K
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.
#Tikves erhöht in der 59. Minute nach Eckball auf 2:0 https://t.co/ZgXE2lTKNk pic.twitter.com/pneNaK7TJI
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.
Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.
Спорт
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Спорт
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.
Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во клупскиот фудбал. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија.
На трибините ќе бидат сите од хигиеничарките до директорите.
На овој начин клубот сака да изрази благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија.
Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.
Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година кога токму на „Вембли“, загуби од Баерн (2:1).