Спорт
Клоп пред дербито со Сити: Пеп е најдобар тренер во светот!
Тренерот на Ливерпул, германскиот стратег Јирген Клоп, денеска рече дека менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е најдобриот тренер во светот.
Фудбалерите на двата клуба својот прв дуел во рамките на Премиер лигата сезонава ќе го имаат в недела на „Енфилд“ во рамките на 12. коло. „Црвените“ се на чело на табелата со 6 бода повеќе од конкурентот за титулата.

По минатото премиерлигашко коло, Гвардиола го обвини напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, за симулирање, па Клоп денеска стави точка на целата приказна.
„Секогаш ни се наметнуваат прашања, а понекогаш го кажуваме она што во тој момент ни е на памет не размислувајќи дека сме во јавност, дека се камерите околу нас. Гвардиола многу го почитувам, го познавам долго, за мене и понатаму е голема работа што можам да се натпреварувам со него. За мене, Пеп е најдобриот тренер во светот. Имаме можност да ја победиме неговата екипа, што е многу тешко, но можно. За мене, тоа е доволно“, додаде Клоп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

