Спорт
Клоп: Сфаќам дека луѓето се лути, но сега никој не смее да оди сам

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека не го сменил мислењето за штетноста на Суперлигата, но побара навивачите да застанат зад клубот и покрај тоа што тие денеска се појавија пред „Енфилд“ со протест против елитното натпреварување.
„Моите мислења не се сменети. Јас вчера првпат слушнав за ова и поважно ми беше да се подготвам за мечот со Лидс. Имаме информации, но не многу. Повеќето од весниците. Луѓето не се среќни и го разбирам тоа. Не можам да кажам повеќе бидејќи не сум вклучен во процесот. Ниту јас ниту фудбалерите. Ќе видиме што ќе се случи. Имам 53 години и откако сум во професионалниот фудбал, Лигата на шампионите беше тука. Ми се допаѓа конкурентниот аспект на фудбалот. Ми се допаѓа што Вест хем може да игра во Лигата на шампионите. Не сакам да играат бидејќи сакам Ливерпул да игра, но сакам да има шанси. Што да кажам. Не е лесно“, вели Клоп.
Ливерпул беше особено критикуван за оваа одлука поради богатата историја на клубот, но и тврдењето дека се работи за локален клуб што се фали дека е од народот.
„Ливерпул ФЦ е многу повеќе од некои одлуки. Најважно за фудбалот се навивачите и тимот. Мораме да осигуриме ништо да не застане меѓу нас. Никој не смее да оди сам во моментот. Има работи што немаат врска со фудбалот, но во тешките моменти треба да стоите заедно. Не значи дека се согласувате со тоа, но момците на теренот не направија ништо погрешно. Тоа мора да го знаат сите. Сфаќам целосно. Јас сум во поинаква ситуација. Не ги имам сите информации. Не знам што точно направија 12-те клуба. Знам дека некои работи во фудбалот ќе се менуваат и тоа мора да се случи. Потребно е време“, вели Клоп.
? | Jurgen Klopp speaks about the European Super League…
The #LFC manager explains his thoughts on the breakaway proposals and reveals him and his players were not consulted on the decision.
Watch #MNF live on Sky Sports Premier League now! pic.twitter.com/DLSXeT1Lze
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 19, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.