Спорт
Клоп со потценувачка изјава за квалитетот на Барнли: Па тие немаат репрезентативци
На Јирген Клоп не му се допаѓа ривалот Барнли. Ова станува уште појасно по последната изјава за тимот на Шон Дајч по малку потценувачките изјави дека тие би биле против пет замени во еден натпревар во Премиер лигата посочувајќи дека не се доволно добри да пратат играчи на интернационална пауза.
Во минатото тој го критикуваше Барнли за нивната физичка игра, а оваа година имаше еден интересен дуел со Дајч. Зошто мораше да го споменува Барнли кога со нив играат дури на 13 февруари, не е јасно.
Ливерпул е еден од клубовите што бараат враќање на петте замени што беа воведени поради коронавирусот, а кои уште се во сила во Ла Лига, Бундеслигата и во Серија А.
Klopp and Sean Dyche are having tough time ???? pic.twitter.com/o4avSaQpgM
— ?Tami’s ?? (@RedTams) January 22, 2021
„Тоа што го сфативме на состанокот на менаџерите и знаеме дека секогаш било така е дека 14 клуба прават одлука за промена. Тоа е потребно. Еве пример. Со Барнли не сум сигурен дали некој од нивните фудбалери има интернационална пауза. Кога нашите фудбалери ќе играат три натпревари, нивните фудбалери немаат натпревари. Имаат 38 меча во Премиер лигата и три или четири куп-натпревари за приближно 42 меча годишно. Тие го немаат нашиот проблем, но одлучуваат за тоа. Петте замени се вистинската одлука, особено во овој момент по ковид-кризата, и тоа е вистински проблем“, вели Клоп.
Барнли, сепак, за волја на вистината, има 9 интернационалци, кои во последната календарска година играле за своите репрезентации (иако можеби не биле стандардни во првиот тим). Меѓу нив се Максвел Корнет од Брегот на Слоновата Коска, Матеј Видра од Чешка и Јохан Берг Гудмундсон од Исланд.
? “Burnley I’m not sure how many players of them play international football, when our players have three games they have no game.”
Jurgen Klopp outlines the problems with having the rule of 14 Premier League clubs voting in favour of changes like five substitutions pic.twitter.com/OIbGeqJyLE
— Football Daily (@footballdaily) December 27, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.