Контакт

Спорт

Комесарот на НФЛ лигата заработил 128 милиони долари за две години

Објавено пред

Комесарот на НФЛ лигата во американски фудбал, Роџер Гудел, заработил фантастични 128 милиони долари како комбинација на плати, бонуси и други исплати од лигата во последнтие две години, објавува „Њујорк тајмс“.

Според изворите на весникот, сумата ја достигнува оваа астрономска сума со 90 отсто бонуси откако тој успеа да договори нов колективен договор во лигата и огромен пакет за ТВ-права. Во март 2020, НФЛ играчите го одобрија новиот колективен договор кој трае до 2030, и со кој се отвори можноста за сезона со 17 меча во сезона. Во март оваа година, пак, НФЛ се договори со ЕСПН, Фокс, ЦБС, НБЦ и Амазон во медиумски договор до 2033 вреден 100 милијарди долари.

Гудел стана НФЛ комесар во 2006 година кога го замени Пол Таљабу.

Спорт

Ливерпул пред 10 години издвои богатство за него, сега неделно заработува 1.000 фунти

Објавено пред

Пред десет години, Енди Керол беше најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. Ливерпул неговиот трансфер од Њукасл го платија 41 милиони евра. најголем во историјата на англискиот фудбал. Денес Крол игра за неделна плата од 1.000 фунти.

Керол во Ливерпул не ги исполни очекувањата, за разлика од Луис Суарез кој во истиот преоден рок се пресели од Ајакс на „Енфилд“.

Од Ливерпул, Керол се пресели во Вест Хем. Во Лондон беше до 2019 година, кога како слободен играч се врати во Њукасл. Керол пред еден месец потпиша договор со Рединг. До крајот на сезоната ќе заработи 28.000 фунти.

Сепак, Керол финансиски се обезбеди во претходните клубови. Ви Ливерпул имаше годишна плата од 4,9 милиони евра, во Вест Хем 5,5 милиони евра, а во Њукасл во последните две сезони заработи 9,2 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мексико повторно ги порази САД

Објавено пред

Мексико ја порази репрезентација на САД 97:88 во квалификациите за пласман на Светското првенство. Ова е трета победа на Мексиканците во дуелите со САД во последните три години.

Третата четвртина го реши победникот. Мексико убедливо ја доби со 31:12. Најдобра на теренот беше Орландо Мендес-Валдес со 27 поени, Габриел Џирон постигна 19, а Пол Стол забележа 18 поени и 11 асистенции.

Поранешната НБА-ѕвезда, Ајзеа Томас, ги предводеше САД со 21 поен и 10 асистенции.

И покрај тоа што Американците играа без најголемите ѕвезди, поразот претставува големо изненадување.

На табелата во Д-групата води Мексико со две победи, Порторико и САД имаат победа и пораз, а Куба има два пораза.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Марка“ за Златната топка: Понижување за Европа

Објавено пред

„Знаете ли што им е заедничко на Адријано 2004., Робињо 2007., Луис Суарез 2011., Алексис Санчез 2016. и Дани Алвес 2019 година? Сите тие ја освоиле Копа Америка, сите биле избрани за најдобри на турнирот. Ниту еден од нив не ја освоил Златната топка“, вака новинарот на „Марка“, Раул Варела, го започнува својот текст за вчерашното доделување на Златната топка.

Лионел Меси седми пат во кариерата ја доби наградата. Новинарите кои гласале за него, процениле дека игрите на Меси минатата сезона и освојувањето на Копа Америка се доволни за да го освои првото место пред Роберт Левандовски и Жоргињо.

„Европа се понижува. Откажете се од актуелниот поредок во светскиот фудбал, бидејќи вчера дознавме дека Копа Америка има поголема вредност од Европското првенство и Лигата на шампиони.

Не е важно ниту тоа што на листата на ФИФА, Јужна Америка има само пет репрезентации во Топ 20. Не е важно која лига е најтешка, очигледно е дека Уругавј, Парагвај, Чиле, Боливија, Еквадор, Колумбија и Бразил едно ниво погоре од Ливерпул, Баерн, Атлетико, Белгија, Англија или Шпанија“, пишува „Марка“.

„Титулите на Меси помалку вредат од титулите на Жоргињо. Меси постигна помалку голови од Левандовски, а немаше влијание врз тимот какво што имаше Карим Бензема. Што е следно? Во 2022 година најдобриот играч на Африканскиот куп да биде награден со Златна топка. Во ред е но има еден проблем. Меси не игра во тоа натпреварување“.

Лионел Меси ја освои Златната топка со 33 гласа повеќе од Левандовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа2 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Европа3 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија4 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија17 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија19 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија19 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија23 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија23 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија23 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Досие