Спорт
Комичен авто-гол во 94.минута

Натпреварот во Цвајта, помеѓу Ауе и Хамбургер понуди два бизарни гола. Дуелот заврши без победник 1:1.
Фудбалерите на Ауе во 23.минута постигнаа гол за водство од 1:0. Играчот на Хамбургер, Давид, исфрли една нафрлена топка, но за негова несреќа таа во тилот го погоди домашниот напаѓач Јоњиќ, кој не по своја вина постигна гол.
Хамбургер израмни со авто-гол во 94.минута. Дојл, во последната акција на мечот, успеа да го префрли голманот на Ауе, но топката заврши во гредата. Карлсон се обиде да ја расчисти опасноста, но само ја заби топката во сопствениот гол.
„Дали е можно дека ова не го стори намерно“, се запрашал коментаторот на овој натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лесна победа на Јунајтед во ФА купот

Во последниот натпревар од ФА Купот во саботата, Манчестер Јунајтед го совлада Ридинг на „Олд Трафорд“ со 3:1.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, а интересно е што стрелци на сите голови за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Бразилците.
Касемиро за само три минути постигна два гола. Тој најпрвин ја затресе мрежата на гостите во 55. минута на асистенција на Антони, а во 58. минута зголеми на 2:0 по додавањето на Фред.
Во 66. минута Фред го постигна третиот гол за домашните, а стрелец на почесниот гол за за Ридинг беше Мбенге во 72. минута.
Гостите во последните половина час играа со десетмина, бидејќи ветеранот Енди Керол доби два жолти картони.
Спорт
Лесна победа за Аталанта – Сампдорија на пат кон Серија Б

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја нов пораз во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ загуби во Бергамо од Аталната со 2:0.
На Сампдорија и пресудија Меле со голот во финишот на првиот дел и Лукман во 55.минута. Ова е четврти пораз во низа за екипата од Џенова. Аталанта на последните седум натпревари постигнува најмалку два гола.
Аталанта скокна на четвртото место, со 38 бода, додека Сампдорија е на ретпоследното место со са о девет бода.
Спорт
Го одржа ветувањето – Лесор стана српски кум
Ден по првата победа, во третата сезонска пресметка со Црвенз зведа (79:78), кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, го одржа ветувањето и им беше кум на Дамир и Јована.
Пред неколку недели, во преполната „Штарк“ арена во Белград, Дамир ја запросу Јована. Тогаш го побараа Лесор за кум, а францускиот центар во саботата го исполни своето ветување.
Инаку, Лесор игра одлично оваа сезона и е еден од најдобрите играчи, според индексот на корисност во Евролигата.
Пре неколико седмица, Дамир је на паркету препуне Арене запросио Јовану на утакмици @PartizanBC!
Она је том приликом питала @ThiasLsf да јој буде кум на венчању! Јуче је победио, а данас је испоштовао традицију!
Честитке Јовани и Дамиру, а дубок наклон Матијасу 🖤🤍#partizan pic.twitter.com/BPHWAQ3cit
— Partizan.net (@PartizanNet) January 28, 2023