Спорт
Концерт од свирежи за Циципас – Гркот го победи Манарино

Стефанос Циципас избори пласман во третото коло на Ју-ес опен. Гркот по два часа и 45 минути, го победи Адријан Манарино со 6/3, 6/4, 6/7, 6/0. Сепак, медиумите повторно пишуваат за Циципас и неговата маратонска пауза помеѓу третиот и четвртиот сет.
Паузите од најмалку осум минути се редовна појава во мечевите на Циципас. Против Манарино замина во тоалет откога го загуби третиот сет. Паузата траеше осум минути, Манарино, слично како и Мареј, се жалеше кај судијата и супервизорот, а публиката го пречека со концерт од свирежи кога се врати на теренот.
„Сѐ правам како што треба. Доколку нешто не е според правилата, тогаш можете да ме казните“, рекол Циципас по мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти осуден на една година затвор за затајување на данок во Шпанија

Трофејниот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден од шпанскиот суд на една година затвор поради даночна измама направена во 2014 година, за време на неговиот престој во Мадрид.
Судот во главниот град на Шпанија му изрече и парична казна во износ од 386.000 евра.
Според шпанскиот закон, затворски казни пократки од две години може да бидат условно суспендирани доколку осудениот претходно не бил казнет, па се очекува дека актуелниот селектор на Бразил сепак нема да оди зад решетки.
Пред Анчелоти, на мета на шпанските даночни власти беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но ниту еден од нив не ја отслужи казната во затвор.
Фудбалската федерација на Бразил, како и претставниците на Анчелоти, засега не ја коментираа одлуката на судот.
Анчелоти е единствениот тренер кој пет пати ја има освоено Лигата на шампионите (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан), како и единствениот со титули државен првак во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.
Спорт
Седлоски пред натпреварот против Ла Фиорита: „Само максимален пристап носи победа“

Вардар утре го игра првиот натпревар во квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Тренерот Гоце Седлоски на прес-конференција изјави дека очекува сериозен пристап од своите играчи и победа на враќањето на клубот на европска сцена по седум години.
„Нема фаворити во денешниот фудбал. Насочени сме кон самите себе, а не кон противникот. Подготвени сме, ја анализиравме Ла Фиорита и нема простор за опуштање“, рече Седлоски, нагласувајќи дека најважен е настапот на неговите фудбалери, со оглед на тоа што следува и реванш за седум дена.
Спорт
Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва во Њујорк

Европските шампиони Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва од 21 часот ќе се соочат во полуфиналето на Светското клупско првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Метлајф“ во Њујорк, пред повеќе од 80.000 гледачи.
Пари Сен Жермен неодамна го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите, постигнувајќи историски успех. Сега тимот има нова шанса да се докаже против најтрофејниот европски клуб.
Натпреварот има дополнително значење поради првиот настап на Килијан Мбапе против својот поранешен клуб. Францускиот напаѓач седум години настапуваше за ПСЖ, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 256 погодоци.
Победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се сретне со Челзи во финалето на Светското клупско првенство.