Спорт
Конференциската лига ја остави Македонија без претставник во Лига Европа

УЕФА потврди дека од наредната сезона ќе стартува новото натпреварување, Конференциска лига. Ова натпреварување ќе биде трето според квалитет, по Лигата на шампионите и Лига Европа. УЕФА ќе го намали бројот на екипи кои ќе учествуваат во Лига Европа, од 48 на 32. Во Конференциската лига исто така ќе учествуваат 32 екипи.
Воведувањето на новото натпреварување значи дека Македонија од наредната сезона нема да има ниту еден претставник во Лига Европа. Досега Македонија, во европските купови настапувала со четири клуба, шампионот играл квалификации во Лигата на шампионите, а победникот во Купот и вториот и третиот на табелата настапувале во квалификациите за Лига Европа.
Според новиот систем, шампионот на Македонија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека останатите три екипи ќе играа квалификации за новот натпреварување, Конференциска лига.
Наградниот фонд во Конференциската лига ќе изнесува 240.000.000 евра, што е за два и пол пати помалку од наградниот фонд во Лига Европа.
Во главната фаза ќе се натпреваруваат 32 тима, ќе бидат поделени во осум групи, а само победниците ќе продолжат во нокаут-фазата. За преостанатите места во осмина-финалето ќе се борат второпласираните екипи од Конференциската лига и третопласираните тимови во Лига Европа.
Место во Конференциската лига ќе има за шестопласираните тимови во првенствата на Англија, Германија, Шпанија и Италија, односно за петтопласираниот тим во Франција. По две места ќе добијат Португалија, Русија, Белгија, Австрија, Чешка, Турција, Украина, Холандија, Данска и Шкотска.
Овие национални првенства за разлика од македонската лига, ќе имаат свои претставници и во Лига Европа.
УЕФА веќе реши првото финале во Конференциската лига да се одигра на стадионот во Тирана. Победникот ќе избори директен пласман во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.