Спорт
Конте не верува дека Реал и Гладбах ќе се договорат да ги исфрлат Интер
Тренерот на Интер, Антонио Конте се надева дека никој не верува дека Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах ќе се договорат за реми во одлучувачкиот меч од Лигата на шампионите со што би ги уништиле шансите на неговиот тим, бидејќи се работи за „ЛШ, а не за кафеанско натпреварување“
На Интер им е потребен победник на утрешниот меч на „Естадио Алфредо ди Стефано“, за со победа над Шахтјор да се пласираат во осминафиналето на ЛШ. Со реми меѓу Реал и Борусија, двата тима одат понатаму.
„Реалноста вели дека мораме да победиме против одличен тим каков што е Шахтјор, и мораме да мислиме само на победа. За другите работи не се грижам. Зборуваме за Лигата на шампиони и за големи клубови, а не за кафеанско натпреварување. Се надевам дека никој нема да оди со оваа депресивна приказна. Во фудбалот, на ова ниво, сите одат на победа“, вели Конте.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вардар е лидер во ПМФЛ, го доби дербито против Шкендија во Тетово
Вардар со победа над Шкендија во Тетово, го заклучи 10-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Вардар со минимален резултат го победи актуелниот првак. Ова е прва победа на Вардар над Шкендија по цели осоум години, односно по 21 натпревар.
Клучниот момент на натпреваро се случи во 49-та минута кога Алхасан играше со рака пред својот гол, а Давид Бабунски го реализираше пеналот.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6yo0v8″,”div”:”rumble_v6yo0v8″});
Шкендија изедначи во 88-та минута, но ВАР го поништи голот. Стрелецот Ибраими беше во офсајд.
По 10 рунди Вардар е лидер на табелата со 24 бода и единствен е без пораз во првенството. Зад Вардар се Струга со 23, односно Силекс и Шкендија со по 21 бод.
Спорт
Винисиус ќе биде казнет, веројатно и продаден
Непримерното однесување на Винисиус Жуниор, во 72-та минута кога му беше јасно дека ќе биде заменет со Родриго, ја засени блескавата победа на Реал (2:1) во првото „Ел Класико“ оваа сезона.
Шпанските медиуми, многу внимание му посветија на Бразилецот, ги посочуваат неговите поранешни испади во кои се истакнуваат негови изговорени зборови. Пишуваат дека Винисиус, покажува збор за непочитување кон тимот, грбот, дресот, тренерот, соиграчите кои играа, соиграчот на клупата, соиграчот кој влегува по него, навивачите на трибините…
Без разлика дали одлуката на Чаби Алонсо да го извади Винисиус од игра порано од очекуваното беше правилна, јасно е дека неговото однесување не смее да биде пример.
Што сега?
Управата е разочарана, договорот што го има сега трае до 2027 година, а планот на Винисиус е да почека бидејќи по ваквите постапки е сè помалку веројатно дека ќе потпише нов договор.
Наместо нов договор, клубот сега размислува за казна за Вини, тој ќе биде санкциониран за неговото однесување и единственото прашање е на кој начин…
Исто така сега како реална опција се наметнува продажбата. Во 2026 година кога ќе заврши сезоната, Винисиус би можел да го напушти Реал.
Спорт
Јувентус бара тренер, а има двајца под договор до 2027 година
Фудбалскиот клуб Јувентус, по серијата лоши резултати, му врачи отказ на тренерот Игор Тудор. „Старата дама“, нема победа на последните осум натпревари во сите натпреварувања, а на последните четири не постигна гол.
Бизарно е што Јувентус бара тренер, а има двајца на платениот список.
На Тијаго Мота, кој седи, ужива и прима плата од март оваа година, му се придружи неговиот наследник Игор Тудор.
Двајцата имаат важечки договори со „бјанконерите“ до 2027 година и би можеле, доколку одлучат да не тренираат никого додека се под договор со Јувентус, да заработат вкупно 25 милиони евра во меѓувреме.
Италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Скира објави дека Лучијано Спалети и Роберто Манчини се заинтересирани за клупата на „Старите дами“, но дека кој било од двајцата ќе претставува голем предизвик за сопствениците на клубот.
И Спалети и Манчини се сметаат за тренери кои инсистираат на основни долгорочни договори, двајцата чинат многу пари, а преговорите вклучуваат задолжителни засилувања, па прашањето е дали Јувентус, може тоа финансиски да го издржи.
Поради сè, некој со помал углед и цена во Италија, како Рафаеле Паладино, би можел да добие шанса. Тој наводно би бил опција до крајот на сезоната, а потоа би подготвиле место во Торино за доаѓањето на Дидие Дешан, кој веќе објави дека се повлекува од функцијата селектор на Франција по Светското првенство во Мексико, САД и Канада.
Скира и други истакнати италијански новинари го споменуваат и Лоран Блан како можно решение.

