Спорт
Конте: Возевме 80 на час, против Јуве мораш да возиш 200 км/ч
Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Јувентус рекол дека нема што да им приговори на своите фудбалери, бидејќи дале сè од себе против силниот противник.
Интер го забележа првиот пораз во Серија А оваа сезона и му го препушти врвот на Јувентус.
„Јуве го покажа тешкото оружје што го поседува во нападот, со своето искуство тие го контролираа натпреварот. Немам што да им приговорам на моите играчи. Му ја симнувам капата на Јувентус, а ние мора да работиме жестоко. Долг пат е пред нас за да го достигнеме нивото на кое е Јувантус. Знаевме и пред мечот дека ќе мора да играме над своите можности за да победиме. Возевме 80 на час, а против нив мора да возиш 200 на час за да победиш“, рекол Конте.
Интер по репрезентативната пауза на 20 октомври ќе игра против Сасуоло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

