Контакт

Спорт

Копа Америка: Кавани, Суарез и другарите покажаа класа против Еквадор (видео)

Објавено пред

Во првото коло на Копа Америка репрезентацијата на Уругвај го декласира Еквадор со 4-0 во рамките на групата Ц.

Уругвајците, предводени од Едисон Кавани и Луис Суарез, уште од почетокот на мечот тргнаа фуриозно, па прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме.

epa07653018 Uruguayan Luis Suarez (L) celebrates a goal with his teammate Edinson Cavani during the Copa America 2019 Group C soccer match between Uruguay and Ecuador, at Mineirao Stadium in Bello Horizonte, Brazil, 16 June 2019. EPA-EFE/Paulo Fonseca

Лодеиро на асистенција на Суарез погоди за 1-0 уште во 6. минута.

Во 24. минута играчот на Еквадор, Квинтерос, доби црвен картон, а веднаш потоа Кавани со ножички погоди за 2-0.

До крајот на полувремето Суарез погоди за убедливи 3-0.

Конечните 4-0 беа постигнати со автоголот на Еквадорецот Артуро Рафаел Мина Меза.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Хрватска со стил оди на ЕП, „панцирите“ со 4-0 ја средија Белорусија (видео)

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Хрватска славеше триумф од 3-1 против селекцијата на Словачка и си го обезбеди пласманот на Европското првенство идната година.

Освен Хрватска вечерва билет за ЕП 2020 обезбедија и Германија, Холандија и Австрија која ја совлада Македонија во Виена со 2-1.

Хрватските фудбалери по првото полувреме имаа негатива со Словаците, но во вториот дел Влашиќ, Петковиќ и Перишиќ ги постигнаа головите за победа од 3:1 и лидерска позиција во групата.

Холандија одигра нерешено 0-0 без против Северна Ирска нагости, но на „лалињата“ тоа им беше сосема доволно за да обезбедат пласман на ЕП 2020.

Во истата група, вечерва и Германија го визираше пласманот на ЕП. Панцирите славеа рутинирано со 4-0 над Белорусија. Два гола на мечот постигна Крос, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Гинтер и Горецка.

Од групата во која е Македонија, Полска како гостин славеше против Израел со 2-1. Стрелци на головите за победничката екипа беа Криковјак и Пјонтек, додека единствениот гол за домашната селекција беше дело на Дабур на 2 минути пред крајот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Храбар пораз во Виена на десеткуваната Македонија

Објавено пред

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од 2-1 на гостувањето во Виена, кај селекцијата на Австрија во претпоследниот меч од квалификациите за ЕУРО 2020.

Иако селекторот Ангеловски пред овој меч не можеше да смета на речиси половина стартна постава, сепак нашиот национален состав одигра храбро и достоинствено, а во финишот од мечот и со почесен погодок во противничката мрежа.

Австрија тргна офанзивно уште од првите минути, а веќе во 7 минута по една неуспешна офсајт стапуца, домаќините преку Давид Алаба дојдоа во водство од 1-0. Австријците имаа повеќе од играта во првиот дел, а пред голот на Столе Димитриевски најголемата опасност доаѓаше од Арнаутовиќ. Сепак нашиот голман беше на висината на задачата и спречи зголемување на водсвото на Австрија.

Нашите фудбалери во првиот дел беа во подредена улога, средината на теренот не функционираше најдобро, што отвораше можноста за домаќините да се закануваат кон нашиот гол. Сепак на полувреме се отиде со резултат 1-0.

Поради повреда, во првиот дел Ангеловски беше принуден да направи замена. Играта ја напушти Александар Трајковски, а на негово место влезе Влатко Стојановски.

Почетокот на второто полувреме беше како реприза на воведот на мечот. Македонските дефанзивци лошо реагираа по еден корнер, па Стефан Лаине уште на стартот на полувремето по една мешаница во шеснаесетникот погоди на 2-0.

Првата конкретна закана кон австрискиот гол ја имаше Енис Барди, директно од корнер. Малку недостасуваше да се изненади противничкиот голман.

Влатко Стојановски имаше неколку убави шанси во средината на вториот дел да постигне гол, но останаа нерализирани.

Она што претходно не му успеа, напаѓачот на француски Ним го реализираше во својата трета шанса во 90 минута за конечни 2-1.

Македонија во последното коло од ове квалификации игра уште против Израел во Скопје.

Прикажи повеќе...

Спорт

Постигнат е најбрзиот поен во АБА лига, се чека само потврда (видео)

Објавено пред

Челниците на АБА лигата, односно луѓето задолжени за водењето на статистиката во регионалното кошаркарско натпреварување вечерва ќе имаат задача да пронајдат податок кој е најбрзо постигнатиот поен во еден регионален меч.

Се чини дека Словенецот Јака Блажиќ е новиот рекордер.

Тој на мечот меѓу Цедевита Олимпија и ФМП кој се уште е во тек, по само 2 секунди поентираше, и тоа со забивање.

Погледнете како изгледаше целата ситуација:

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија13 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа14 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ17 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ18 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ19 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ21 час

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт21 час

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија22 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион22 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион22 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион23 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија23 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија23 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие