Спорт
Кошаркарска поезија – Стеф Кари ја декласира Атланта
Брилијантниот Стеф Кари и неспортскиот потег на Никола Јокиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Голден стејт Вориорс сѐ повеќе личи на тимот што освои три шампионски титули во четири сезони. Вориорс славеше во дуелот со Атланта Хокс 127:123. Пресуди третата четвртина, во која Вориорс постигна 41 поен.
Стеф Кари, натпреварот го заврши до 50 поени (9 тројки), 7 скока, 10 асистенции, 3 украдени топки и една блокада. Покрај Кари, уште четворица играчи на Вориорс постигнаа двоцифрен број на поени.
Атланта ја предводеа Тре Јанг со 28 и Богдан Богдановиќ со 17 поени.
Далас Маверикс очекувано триумфираа против Њу Орлеанс Пеликанс 108:92. Лука Дончиќ забележа 25 поени и по пет скока и асистенции. Тим Хардавеј и Џејлен Брансон постигнаа по 17 поени. Њу Орлеанс има само една победа по 11 одиграни натпревари.
Дербито на Истокот, Њујорк – Филаделфија, им припадна на Никс со резултат 103:96. Ова е втора победа на Ниск над Филаделфија од почетокот на сезоната. Без Бен Симонс, Џоел Ембид и Тобајас Херис, Севентисиксерси немаа сили за победа во Медисон Сквер Гарден.
Џулиус Рендел (31 поен, 12 скока) и Ар Џеј Берет (15 поени) го предводеа Њујорк, на споритвната страна Андре Драмонд забележа 14 поени и 25 скока.
Резултати:
Чикаго-Бруклин 118:95
Мемфис-Минесота 125:118
Сакраменто-Финикс 104:109
ЛА Лејкерс-Шарлот 126:123
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

