Спорт
Кошаркарското Ел класико не ги оправда очекувањата – Реал ја победи Барселона

Кошаркарите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 65:64 во петтото коло од Евролигата. Кошаркарското Ел класико, кој беше увертира за фудбалската пресметка в сабота, квалитативно не ги оправда очекувањата. Во трилер завршница победи тимот кој помалку грешеше. Ова е трето Ел класико оваа сезона и трета победа на Реал.
Несекојдневен натпревар одиграа до вечерва двете непоразени екипи. Видовме многу нервоза, загубени топки, промашени шутеви, но и пресврти.
На шест минути до крајот на полувремето Барселона водеше со 30:16, а во следните 18 минути игра постигна 11 поени. Реал го искористи тоа и и минусот од 14 поени го претвори во плус од 14 поени. Но во последните минути од средабата Реал ја испушти предноста.
Барселона со петте врзани поени на Саторански конечно израмни (59:59) на 48 секунди до крајот.
На крајот Чехот имаше можност да го однесе мечот во продолженија, но не успеа да реализира две од трите слободни фрлања.
Најефикасен кај Реал беше Габриел Дек со 20 поени, Винсант Поаре имаше 14 поени (7-8 од поле) и 7 скока, Марио Хезоња постигна 7 поени (2-8). од поле) и 10 скока, Џанан Муса 4 поени (1-5 од поле, 4.), а Факундо Кампацо имаше 6 поени (0-6 од поле, 6-9 пенали) и 7 асистенции.
Кај Барселона се истакна Вили Ернангомез со 13 поени, Алекс Абринес додаде 11 поени, а Томаш Саторански 10.
Во следното коло Реал номинално како гостин игра со Макаби, додека Барселона го пречекува Панатинаикос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јунајтед се откажа, Донарума се поблиску до Сити

Џанлуиџи Донарума е се поблиску до договор кариерата да ја продолжи во Манчестер сити.
Еден од најдобрите голмани на денешницата беше отпишан од ПСЖ откако не се согласи со клубот за продолжување на договорот, а неговото заминување го потврди и тренерот Луис Енрике.
Во последните денови се шпекулираше дека Манчестер сити и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги. Сепак, најновите информации сугерираат дека Јунајтед се повлекол од трката.
Договорот на Италијанецот истекува следната година, а актуелните европски шампиони бараат околу 50 милиони евра за него.
Донарума пристигна во ПСЖ во 2021 година по болна и воопшто не пријатна разделба со Милан, клубот каде што ја започна кариерата на наполни 17 години. Тој го бранеше голот на ПСЖ на 107 натпревари и се смета за еден од најзаслужните за титулата европски шампион освоена оваа година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мициќ би можел да го пропушти Евробаскетот

Вечерва во 20:45 часот, Србија ќе игра против Чешка на подготвителниот кошаркарски турнир Суперкуп во Минхен. Ден потоа, српската репрезентација ќе игра против победникот или поразениот од натпреварот помеѓу Германија и Турција.
„Германија го освои првенството тука во 1993 година. Јас живеам во Минхен, во близина на новата, прекрасна сала, можеби најдобрата во Европа. Минхен е, можам да кажам, мојот град. Сега сум повеќе во Србија од познати причини, но кога ми треба мир, тогаш доаѓам тука“, рече српскиот селектор Светислав Кари Пешиќ.
Поради повреди, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ не отпатуваа во Германија, а најголемата мистерија за селекторот е состојбата на Василије Мициќ.
„Не е сјајно. Смаилагиќ и Трифуновиќ сè уште не се подготвени за тренинг. Се обидуваме со Васа да го вратиме, но не оди според планот, како што предвидовме. Васа се обидува, се обидува малку, но сè уште е чувствува болка. Ќе видиме, во следните неколку дена ќе мора полека да носиме одлуки, но главно останатите играчи се добро.
Продолжуваме да тренираме, да работиме. Секако, сме загрижени за овие повреди. Морам искрено да кажам, најмногу ме загрижува дали воопшто ќе можеме да сметаме на Мициќ. И тој се обидува, и ние се обидуваме да го вратиме, но тешко е.“
Мициќ е долгогодишен член на националниот тим. Својата кариера ја изгради во Европа, а најголемиот успех го постигна со Анадолу Ефес, со кого ја освои Евролигата во 2021 и 2022 година, заедно со наградите за најкорисен играч во сезоната и Фајнал Фор во 2021 година.
После тоа, се пресели во НБА. Откако настапи за Оклахома Сити Тандер, Шарлот Хорнетс и Феникс Санс, се врати во Европа, во израелскиот Хапоел.
Спорт
Ромуло за 20 милиони евра се пресели во Лајпциг

Бразилскиот фудбалер Ромуло потпиша петгодишен договор со Лајпциг.
Магазинот „Кикер“ објави дека Лајпциг ќе плати до 25 милиони евра за трансферот на 23-годишниот напаѓач, од кои 20 милиони се фиксни, а 5 милиони преку потенцијални бонуси.
Ромуло играше како позајмен играч за Гезтепе минатата сезона и постигна 17 гола во турското првенство и Купот. Својата кариера ја започна во Атлетико Паранаенсе.
Лајпциг го донесе како замена за Бенјамин Шешеко, кој овој месец се пресели во Манчестер јунајтед во трансфер што би можел да достигне 85 милиони евра.
Лајпциг ја започнува новата сезона со Куп натпревар против четвртолигашот Зандхаузен во сабота, пред да го започне Бундеслигата, во првото коло ќе Лајпциг ќе игра против шампионот Баерн Минхен на 22 август.
Фото/ Принтскрин