Спорт
Кошмарна трка во Бахреин, триумф на Хамилтон, Грожан извади „жива глава“
Трка полна со инциденти се возеше на патеката во Бахреин ова попладне.
На триумф се радуваше шампионот Луис Хамилтон, но се чини дека победата е во сенка на инцидентите кои ја следеа трката.
Грожан уште во првиот круг доживеаја страшна несреќа. Се удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се преполови и се запали. За негова среќа, првичните информации се дека помина само со мали изгореници.
Се возеше седмиот круг од трката, која доживеа голем прекин додека се исчисти патеката по нсреќата на Грожан, па возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл по еден судир со Квјат ја заврши трката со превртен болид.
Неговиот клупски колега, Серхио Перез исто така имаше лош ден во Бахреин. На 3 круга до крајот се запали неговиот мотор, па мораше да го паркира болидот и на тој начин остана без бодови.

Хамилтон извози колку што е потребно за нова победа, беше лидер од почеток до крај. Ја прослави 11-тата победа сезонава.
Втор низ целта на трката во Бахреин заврши Макс Ферстапен од Ред бул.
Александер Албон се искачи на подиум, по вторпат во кариерата. Денешната трка ја заврши како трет.
Хамилтон, Ботас и Ферстапен се првите тројца во генерален пласман, а до крајот на оваа сезона преостануваат уште две трки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Горецка ќе го напушти Баерн
Германскиот фудбалер Леон Горецка го напушта Баерн на крајот од сезоната, објави клубот од Минхен.
„Леон Горецка ќе го напушти Баерн ова лето по осум успешни години. Дотогаш, ќе направиме сè што можеме за да освоиме повеќе титули заедно! Ајде да го направиме тоа“, се вели во соопштението на Баерн на социјалната мрежа X.
Горецка (30) дојде во Баерн од Шалке во 2016 година. Играчот за врска ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, шест титули во германското првенство и два Купа со клубот од Минхен.
Одигра 292 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 47 гола.
Од 2014 година, Горецка е стандарден член на германската репрезентација, за која одигра 67 натпревари и постигна 15 гола.
За неговите услуги во зимскиот преоден рок се интересираа неколку клубови, најконкретен беше Атлетико Мадрид, но фудбалерот реши да остане во Минхен до крајот на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Навреден од понудата за новиот договор Бензема стапи во штрајк
Карим Бензема стапи во штрајк, навреден од понудата што ја добил од Ал-Итихад за продолжување на договорот.
Договорот на Бензема истекува на крајот од сезоната 2025/26. Тој заработува неверојатни 1,61 милион фунти неделно, или повеќе од 230.000 фунти дневно, објави „Дејли Мејл“.
Според пишувањата на француските медиуми, и 38-годишниот Бензема и клубот сакале да ја продолжат соработката. Сепак, откако клубот му ја презентирал понудата во четвртокот, напаѓачот бил толку лут што решил да не игра против Ал Фатех (2:2).
Бензема почнал да тренира одвоено од остатокот од составот бидејќи смета дека првата понуда за продолжување на договорот била „навредлива“.
Добитникот на „Златната топка“ во 2022 година наводно го обвинил клубот дека го принудил да „игра бесплатно“ на почетокот на неговиот договор, профитирајќи исклучиво од неговите права на имиџот.
Иако Бензема има одлична индивидуална сезона со осум гола на 14 настапи, неговиот Ал-Итихад е шести на табелата на саудиската професионална лига. Се смета дека францускиот напаѓач ги разгледува своите опции да го напушти клубот и да се врати во Европа.
Бензема моментално е третиот најплатен фудбалер во светот со годишна плата од 85 милиони фунти. Лионел Меси заработува малку повеќе од него во Интер Мајами, 96,9 милиони фунти, додека двајцата се во сенка на Кристијано Роналдо, чија плата во Ал-Наср е неверојатни 194 милиони фунти годишно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лига Европа: Црвена звезда против Лил, Динамо оди во Генк
Познати се двојките во плеј-офот, за пласман во озминафиналето, во Лига Европа. На хартија дербито ќе го одиграат Фенербахче и Нотингем Форест. Регионалните великани, Црвена звезда и Динамо Загреб, во оваа фаза за прптивници ги добија Лил, односно Генк.
Плеј-офот во Лига Европа ќе се игра на 19.февруари (први натпревари) и 26.февруари (реванши).
Плеј-оф двојки:


