Спорт
„Крал“ на северот! Саудијците го презедоа Њукасл јунајтед, навивачите слават пред „Сент Џејмс парк“
Њукасл јунајтед има нови сопственици откога беше склучен договорот за 305 милиони фунти за досегашниот газда Мајк Ешли и договорот беше одобрен од Премиер лигата кога тие добија уверувања дека државата Саудиска Арабија нема да има директно влијание во клубот, туку тој ќе биде воден од Саудискиот државен фонд (ПИФ).
„Премиер лигата, Њукасл јунајтед и ‘Сент Џејмс холдингс’ го обезбедија преземањето на клубот од конзорциумот на ПИФ, ‘ПЦП капитал партнерс’ и ‘РБ спортс и медија’. Легалните несогласувања се надминати и сите страни се согласни дека долгата неизвесност за иднината на клубот е надмината. Премиер лигата доби легално обврзувачки уверувања дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл јунајтед ФЦ“, се вели во објавата на Њукасл.
Саудиските моќници на чело со принцот Мохамед бин Салман, со богатство од 300 милијарди фунти, речиси една година се обидуваат да го преземат Њукасл, но имаа проблеми со носителот на ТВ-правата „Беин спортс“ од Катар.
Newcastle fans reaction after official takeover, here from St James’ Park. Exciting times are expected for the Magpies. ⚪️⚫️ #NUFC
[? @JoshHalliday]pic.twitter.com/uoPepjQXlP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 7, 2021
„Неговото височество Јаси ал-Румајан, гувернерот на ПИФ, ќе биде неизвршен директор на Њукасл јунајтед, Аманда Ставели ќе има место на бордот заедно со Џејми Реубен“, се вели во објавата на клубот.
Со ова се става крај на контроверзното 14-годишно владеење на Мајк Ешли со клубот и, нормално, се креваат амбициите на навивачите на Њукасл, кои мораа да издржат низа слаби сезони како тековната, во која се во зоната за испаѓање и со неизвесно место на менаџерот Стив Брус.
Њукасл сега се очекува да им биде ривал на клубовите со богати газди во Британија, како Манчестер сити и Челси, но и Пари Сен-Жермен во Франција. Навивачите очекуваат веќе во јануари да има (скапи) засилувања за тимот.
? An investment group led by the Public Investment Fund, and also comprising PCP Capital Partners and RB Sports & Media, has completed the acquisition of 100% of Newcastle United Limited and Newcastle United Football Club Limited from St. James Holdings Limited.
⚫️⚪️
— Newcastle United FC (@NUFC) October 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дали Премиер лигата е најсилна во светот на фудбалот?
Сезоната 2023/2024 во европските купови стана вистински кошмар за клубовите од најсилната лига во светот, англиската Премиер лига.
Во завршницата, Премиер лигата има само еден тим. Честа на англиското фудбал ја брани Астон Вила и тоа во третото според ранг европско натпреварување, Конференциската лига.
Англија нема претставник во Лигата на шампионите, откако Манчестер сити и Арсенал беа елиминирани во средата, во четвртфиналето, а претходно Манчестер јунајтед и Њукасл испаднаа во фазата по групи.
Во елитното натпреварување Премиер лигата доживеа вистински дебакл, бидејќи англиските тимови освоија три титули во последните пет сезони.
Синоќа, во четвртфиналето сезоната во Лига Евопа ја завршија Ливерпул и Вест Хем. Во
За прв пат по девет години ниту, Англија нема полуфиналист во двете најсилни европски натпреварувања.
Честа на англискиот фудбал остана да ја брани Астон Вила. Клубот од Бирмингем во полуфиналето ќе игра против Олимпијакос.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.
Спорт
„Им посакувам сѐ најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.