Спорт
Иако 12 пати не го победи, Адил Рами смета дека сега е лесно да го чуваш Меси

Адил Рами, дефанзивецот на Троа и поранешен француски репрезентативец, вели дека сега кога Лионел Меси е во Пари Сен-Жермен, многу е полесно да го чуваш Аргентинецот во споредба со минатото.
Рами претходно имаше редовни средби со Меси додека беше фудбалер на Севилја, но во 12 меча ниту еднаш не беше на победничката страна во дуелите со Барселона под водство на Меси. Сепак, Рами вели дека оптимизмот доаѓа од тоа што играта на Меси е сменета и дека на 34 години веќе не е незапирлив.
„Да, признавам, никогаш не победив, но имаше повеќе нерешени мечеви и добив четири-пет дреса од него. Тој беше пресилен тогаш, секогаш зад мојот грб. Ќе биде во офсајд, па ќе се премести на средината и повторно ќе тргне. Сега не оди така, туку повеќе сака да додава, така што е полесно за одбранбените играчи да чекаме. Мислам дека не може да прави слаломи повеќе“, вели Рами.
Меси уште нема постигнато гол во првите три меча во Лига 1, но даде прекрасен гол при 2:0 победата над Манчестер сити во Лигата на шампионите. Во ПСЖ тој игра на десната страна во нападот покрај Килијан Мбапе и Нејмар или како втор напаѓач кога Анхел ди Марија е во игра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лесна победа на Јунајтед во ФА купот

Во последниот натпревар од ФА Купот во саботата, Манчестер Јунајтед го совлада Ридинг на „Олд Трафорд“ со 3:1.
Сите четири гола беа постигнати во вториот дел, а интересно е што стрелци на сите голови за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа Бразилците.
Касемиро за само три минути постигна два гола. Тој најпрвин ја затресе мрежата на гостите во 55. минута на асистенција на Антони, а во 58. минута зголеми на 2:0 по додавањето на Фред.
Во 66. минута Фред го постигна третиот гол за домашните, а стрелец на почесниот гол за за Ридинг беше Мбенге во 72. минута.
Гостите во последните половина час играа со десетмина, бидејќи ветеранот Енди Керол доби два жолти картони.
Спорт
Лесна победа за Аталанта – Сампдорија на пат кон Серија Б

Фудбалерите на Сампдорија доживеаја нов пораз во Серија А. Тимот на Дејан Станковиќ загуби во Бергамо од Аталната со 2:0.
На Сампдорија и пресудија Меле со голот во финишот на првиот дел и Лукман во 55.минута. Ова е четврти пораз во низа за екипата од Џенова. Аталанта на последните седум натпревари постигнува најмалку два гола.
Аталанта скокна на четвртото место, со 38 бода, додека Сампдорија е на ретпоследното место со са о девет бода.
Спорт
Го одржа ветувањето – Лесор стана српски кум
Ден по првата победа, во третата сезонска пресметка со Црвенз зведа (79:78), кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор, го одржа ветувањето и им беше кум на Дамир и Јована.
Пред неколку недели, во преполната „Штарк“ арена во Белград, Дамир ја запросу Јована. Тогаш го побараа Лесор за кум, а францускиот центар во саботата го исполни своето ветување.
Инаку, Лесор игра одлично оваа сезона и е еден од најдобрите играчи, според индексот на корисност во Евролигата.
Пре неколико седмица, Дамир је на паркету препуне Арене запросио Јовану на утакмици @PartizanBC!
Она је том приликом питала @ThiasLsf да јој буде кум на венчању! Јуче је победио, а данас је испоштовао традицију!
Честитке Јовани и Дамиру, а дубок наклон Матијасу 🖤🤍#partizan pic.twitter.com/BPHWAQ3cit
— Partizan.net (@PartizanNet) January 28, 2023