Спорт
Крауч замина в пензија (Видео)
Англискиот напаѓач Питер Крауч, во петкот, објави дека става крај на кариерата долга две децении.
Поранешниот англиски репрезентативец минатата сезона ја заврши како играч на Барнли. Изминатите недели одбил неколку понуди од Кина, но по долго размислување решил да ги одбие и да се пензионира.
Крауч, кариерата ја започнал во Тотенхем, а потоа играл за Квинс Парк Ренџерс, Портсмут, Астон Вила, Норич, Саутемптон, Ливерпул, па повторно во Портсмут и Тотенхем, Стоук и Барнли.
Во Премиер лигата одиграл 468 натпревари и постигнал 108 гола. Крауч 53 гола постигнал со глава што го става на првото место на оваа листа.
За репрезентацијата на Англија постигнал 22 гола на 42 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус се распрашува за Мазрауи
Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек.
„Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед.
Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе во напаѓачката фаза.
Останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде спремен да го пушти или Јувентус ќе мора да се сврти кон други решенија.
Мазрауи моментално е на Африканскиот куп на нации во неговата земја и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар на Мароко со Нигерија.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos

