Спорт
Крос уште е лут: Судијата на Севилја – Реал влијаеше во борбата за титулата

Тони Крос признава дека уште му е лут на судијата Хуан Мартинез Мунуера, кој досуди контроверзен пенал за Севилја во ремито со Реал Мадрид минатиот месец објаснувајќи дека тој влијаел на борбата за титулата.
На 9 мај, кога беше 1:1 на 12 минути пред крајот, Реал сметаше дека доби пенал кога Карим Бензема беше соборен во шестнаесетникот. Но, наместо тоа, по ВАР-проверката, судијата Мунуера реши да додели пенал за Севилја по играта со рака на Едер Милитао. Иван Ракитиќ беше сигурен за 2:1 водство пред Еден Азар да израмни во судското продолжение. По мечот, Крос заедно со Зинедин Зидан се судри со судијата барајќи објаснување за ситуацијата.
Сега, пред последниот викенд во лигата, Атлетико Мадрид има 2 поена предност пред Реал на табелата, така што ќе треба да се случи пораз на ривалите за Реал некако да стигнат до трофејот.
„Не сум човек што сака да се жали, но во овој случај бев екстремно изнервиран. Зидан никогаш не зборува за судиите и секогаш ги штити, така што многу кажува тоа што тој се конфронтира со судијата, значи дека нѐ украдоа. Милитао беше свртен со грб кон топката и не ја виде, а на снимките се гледа дека топката првин удира во неговото рамо, а потоа во раката. Мислам дека тоа беше сериозна интервенција во исходот на шампионатот“, вели Крос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL