Контакт

Спорт

Цонга: Надал е најдобриот на сите времиња!

Објавено пред

Французинот Жо – Вилфред Цонга е воодушевен од титулата на Рафаел Надал во Мадрид и финалето против Новак Ѓоковиќ. Тој во Надал гледа голем фаворит и за претстојниот „Ролан Гарос“, каде што Шпанецот ќе ја брка 14-тата титула во Париз.

„Ако прашате кој било тенисер што ќе го освои ‘Ролан Гарос’, сите ќе кажат – Надал. Дури и оние што го избегнуваат. Она што Рафа и Новак го направија во Рим покажува дека има дистанца меѓу нив и другите“, смета Цонга.

Гледајќи го бројот на грен слем трофеи, Надал и Федерер имаат по 20, а Ѓоковиќ 18. Меѓутоа, Французинот верува дека бикот од Мајорка ќе биде рекордер.

„Пет години Рафа е помлад од Роџер, а изедначени се. Ако го помине – мислам дека нема да има сомнеж кој е најдобриот тенисер на сите времиња“, порача Цонга, кој своевремено беше петти светски тенисер.

Францускиот ас во минатото често зборуваше дека поразите од Новак Ѓоковиќ му се најболните, пред сѐ, мислејќи на финалето на Австралија опен во 2008, четврт-финалето во Мелбурн во 2010 и четврт-финалето на „Ролан Гарос“ во 2012 година.

Спорт

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство.

Првите два натпревари, Македонија ги одигра во Букурешт, на 13. и 17.јуни против Австрија односно Украина.

Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво.

Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри.

Прикажи повеќе...

Спорт

Саутгејт: Моја е одговорноста за лошата игра

Објавено пред

Англија, еден од фаворитите за висок пласман на ЕУРО 2020, одигра бледо реми без голови, против Шкотска, во второто коло во Д-групата. Селекторот Герет Саутгејт, ја презеде вината за лошата игра и резултатот. Смета дека кога веќе одиграле лош натпревар, добро е што освоиле барем еден бод.

„Фрустрирачка вечер. Секоја чест за Шкотска. Но, во ситуација кога не победивме, добро е останавме непоразени“, рекол Саутгејт.

Голем проблем за Англија е лошата форма на првиот напаѓач, Хари Кејн. Саутгејт го повлече од теренот во 74.минута. Кејн во првото полувреме имаше само десет допири со топката.

„Ни требаше некој кој ќе влегува зад нивните линии. Мислев дека Маркус Рашфорд може да ни ја даде таа енергија. Ни беше потребна победа, одговорноста е моја. Не одигравме добро за да победиме“, заклучил Саутгејт.

Англија, по првите две рунди во групата има четири бода, во последното коло, во вторник ќе игра против Чешка.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рајан Курсер урна рекорд стар 31 година

Објавено пред

Американецот Рајан Крусер постави светски рекорд во фрлање ѓуле. Крусер, успеа да го урне 31 година стариот рекорд на Ренди Барнс.

На американските квалификации за Олимписките игри во Токио, Крусер забележа резултат 23 метри и 37 сантиметри. Крусе за 25 сантиметри го подбри рекордот на Барнс.

Од 1990 година до денес, никој ѓулето не го фрлил преку 23 метри, во претходните две години најблиску биле Крусер и неговиот сонародник Џо Ковач (21,91 метар).

Инаку, Крусер, на почетокот на сезоната постави светски рекорд во сала (22,82 метри).



Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет2 часа

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија2 часа

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион3 часа

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Топ15 часа

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет18 часа

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт20 часа

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија21 час

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион1 ден

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија1 ден

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион1 ден

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт1 ден

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт2 дена

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион2 дена

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа2 дена

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија2 дена

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија2 дена

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија2 дена

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија2 дена

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Досие