Спорт
Кулибали: Сакам да ја завршам кариерата во Наполи
Калиду Кулибали рекол дека има желба да ја заврши кариерата во Наполи и дополнил дека не се прашува само тој. Медиумите извесно време пишуваа за интересот на неколку клубови, наводно ПСЖ и Ливерпул подготвиле сериозни понуди за Сенегалецот.
„Моето семејство е среќно овде, радосен сум поради тоа. Искрено не сакам да говорат за мене како „ за господинот од 100 милиони“. Колкава е мојата вредност ќе решат директорите. ќе видиме што ќе направи претседателот, дали ќе ми понуди нов договор. Доколку ми понуди нов договор тоа ќе ми овозможи кариерата да ја завршам во Наполи“, рекол Кулибаи.
Актуелниот договор на Кулибали со наполи истекува за три години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз преку Де Минор до првото полуфинале на АО во кариерата
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до првото полуфинале на Австралија Опен во кариерата.
Карлос Алкараз го победи Алекс де Минор со 3-0 во сетови (7:5, 6:2, 6:1).
Шпанецот дојде до шестата победа во исто толку дуели со Астралијанецот, а на патот до полуфиналето не загуби ниту еден сет.
Интересно е што ова е само прв пат шесткратниот шампион на Гренд слем да стигне до полуфиналето на АО, откако беше елиминиран во четвртфиналето минатата сезона и прексиноќа.
Алкараз само во првиот сет имаше проблем со Де Минор. Откако со брејк дојде до 3:0, му дозволи на противникот да се врати, сервираше за сет во деветтиот гем, но домашните тенсер уште еднаш се врати во мечот. Подоцна цо 12-от гем, Алкараз ја искористи втората сет топка.
Вториот и третиот сет, Шпанецот рутински ги реши.
Алкараз во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев, кој исто така во три сета славеше ротив Лернер Тиен.
Fot/ depositphotos
Спорт
Не е среќен во Челзи – Палмер сака да се врати во Манчестер
Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, наводно копнее да се врати во својот роден град и би бил отворен за летен трансфер во Манчестер Јунајтед, клубот за кој наводно навивал како дете.
Во 2023 година, Палмер го напушти Манчестер Сити и се пресели во Лондон, каде што стана клучен играч за Челзи, но се чини дека не е целосно задоволен од животот во главниот град и со задоволство би ја прифатил можноста да се врати на северот од Англија, пишува „Goal.com“.
Откако пристигна од Сити пред две и пол години, Палмер постигна 41 гол и додаде 19 асистенции за „сините“. Поради ова, англискиот репрезентативец стана практично „недопирлив“ во Челзи и само екстремно висока понуда би го натерала лондонскиот клуб да размисли за продажба. Според „Трансфермаркт“, Палмер вреди 120 милиони евра.
Англиските медиуми пишуваат дека 23-годишникот е носталгичен и би ја прифатил шансата да се приклучи на Јунајтед.
Палмер се бори и со проблематична повреда на препоните, што го ограничи на само 12 лигашки настапи оваа сезона. Тој го пропушти и неделниот натпревар во кој Челзи го победи Кристал Палас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Свитолина за 59 минути ја победи Гоф
Украинската тенисерка Елина Свитолина ја декласира Коко Гоф и се пласира во првото полуфинале на Австралија Опен во својата кариера.
Свитолина неочекувано лесно ја победи Гоф со 6:1, 6:2, за само 59 минути игра.
Искусната Украинка леташе по теренот, „пукаше“ винери од сите оружја, додека Гоф одеше од грешка во грешка и во ниту еден момент не изгледаше како трета тенисерка во светот.
Во првиот сет, Американката ги загуби сите четири сервис гејма, а на крајот од мечот имаше неверојатно лоша статистика.
Направи три винери и 26 неизнудени грешки.
Ова беше десетта победа по ред на Свитолина во 2026 година, а од почетокот на сезоната изгуби само еден сет.
Нејзината противничка во полуфиналето исто така има резултат од 10-0, но таа не изгубила ниту еден сет. Тоа е Арина Сабаленка, и тоа ќе биде нивниот седми дуел – Белорусинката моментално води со 5-1. Овој дуел на програмата е во четврток од 9.30 часот по македонско време.
Foto/ depositphotos

