Спорт
Куман ќе го наследи Ван Гал
Роналд Куман по Светското првенство во Катар ќе се врати на селекторската функција во националниот тим на Холандија. Функцијата Куман ќе ја преземе од Луј Ван Гал, кој пред неколку дена објави дека боледува од рак на простата.
Куман е без работа, откако доби отказ во Барселона. Токму од позицијата селектор на Холандија, Куман се пресели на „Ноу Камп“. Холандија ја предводеше од 2018 до 2020 година. Избори пласман на Европското првенство, но пандемијата на коронавирусот, го спречи да ја води Холандија на континенталниот шампионат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клоп со порака за Џерард: Ќе беше убаво Стиви да можеше да заигра

Стивен Џерард никогаш не успеа да го крене трофејот од Премиерлигата додека беше капитен на Ливерпул, но може да биде еден од клучните луѓе за титулата на „црвените“ во последното коло ако неговата Астон вила успеа да го совлада Манчестер сити на „Етихад“.
Ако Вила го победи или одигра нерешено со Сити, а Ливерпул победи, тогаш Јирген Клоп ќе ја прослави втората премиерлигашка титула, и Клоп вели дека би сакал Џерард да може да заигра за Астон вила.
„Да можев да играм натпревар за да помогнам на моите поранешни клубови Дортмунд или Мајнц, за мене тоа ќе биде дополнителна мотивација, но јас не играм. И Стиви не игра, што е штета. Уште поголема штета е што тој не игра. Немам потреба да му праќам пораки, знам дека неговиот тим ќе даде 100 отсто на мечот со Сити. Ние ќе имаме причини за славје на крајот на сезоната, останува да се види колку причини ќе имаме. Пред две години немавме парада, но сега ќе славиме. Не за нас, туку за луѓето“, вели Клоп.
Спорт
Мајката на Мбапе откри: Понудите на ПСЖ и Реал се речиси идентични

И по повеќе месеци интензивни шпекулации, иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе останува неизвесна, откако неговата мајка за шпанска „Марка“ откри дека понудите кои тој ги добил од Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен се речиси идентични.
„Двете понуди, едната од Париз и другаата од Мадрид, се речиси идентични. Во Реал Мадрид, мојот син би имал контрола околу правата на неговиот лик. Сега, ја чекаме неговата одлука. Има мала разлика и сега тој ќе одлучи што сака да прави. Нема да има нови состаноци за неговата иднина, тоа е готово. Сега е до Килијан, тој да избере“, изјави Фајза Ламари.
Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува на 30 јуни, и во шпанските медуми тврдат дека оптимизмот во Реал е спласнат бидејќи сметаат дека тој е поблиску до останување во Франција, за што доби повик дури и од претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Спорт
ФИА вели дека Астон Мартин не е копија на Ред бул

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) утврди дека Астон Мартин не го копирале болидот на Ред бул откако повеќе тимови изразија загриженост за сличноста на нивниот АМР22 и Ред бул РБ18 пред шпанското ГП.
Тимот од Силверстоун во Барселона излезе со модифициран болид, кој од страните изгледа идентично како болидот на Ред бул од оваа сезона и веднаш беше наречен зелениот Ред бул. Сличностите донесоа до истрага на ФИА бидејќи според техничките правила не е дозволен таканаречен обратен инженеринг, што би се сметало за прекршуваање на лиценцните права. Ова не е првпат тимот што претходно беше познат како Рејсинг поинт да се наоѓа под ваква истрага откако во 2020 година имаа копија на болидот на Мерцедес од 2019 година, тогаш наречен розов мерцедес.
„Истрагата, вклучувајќи проверка на компјутерскиот дизајн и детаљна анализа на развојниот процес на Астон Мартин, потврди дека не се направени прекршоци, така што подобрувањата на Астон Мартин се во рамките на правилата“, се вели во објавата на ФИА.
Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, вели дека сличноста не е случајна посочувајќи на повеќе поранешни вработени на Ред бул, кои сега работат кај ривалите – поранешниот шеф на аеродинаимка Ден Фелоус и поранешниот шеф на технички операции, Ендру Алеси.
„Копирањето е најискрен израз на ласкање. Навистина е нешто посебно да го наведеш својот тим да дојде со нешто што личи на клон на нашиот болид. Неколку луѓе отидоа во Астон Мартин во текот на зимата и не можеш да контролираш што ќе однесат од тимот во својата глава. ФИА треба да го разгледа тоа“, изјави Хорнер.
Советникот на Ред бул, Хелмут Марко, беше поостар.
„Мора да се разјасни како дојдовме до оваа неверојатна копија. Седум луѓе беа привлечени од нашиот тим вклучувајќи го шефот на аеродинамиката со понуда за неверојатно високи плати. Не е само Ден Фелоус. Има докази дека биле копирани податоци“, обвини Марко.
Розовиот мерцедес на Рејсинг поинт добил зелено светло од ФИА