Спорт
Куман: Вештачки правите криза за одењето на Меси
Роналд Куман ги нападна новинарите кои го прашуваа за формата во која се наоѓа капитенот Лионел Меси по малку шокантните снимки од неговото одење на мечот со Динамо Киев.
Меси постигна гол од пенал за да помогне за 2:1 победа над Динамо, но на интернет најмногу коментиран беше клипот на кој тој во финишот на мечот не се обиде да влезе во дуел со играчите на Динамо и, наместо тоа, лежерно си одеше на теренот.
Формата на Меси е под лупа по неговата објава во август дека сака да си замине од клубот, особено фактот што сите голови во 2020/2021 ги има постигнато од пенал. Куман вели дека снимката не докажува ништо и не ја покажува ефикасноста на еден фудбалер.
„Не сум ја гледал снимката и не сум заинтересиран за тоа. Ако сакате да правите вештачки контроверзии, тоа е ваш проблем. Меси е ментално добар, ужива во спортот. Тој е победник и понекогаш минувате низ период кога топката не влегува во голот, но тој останува фокусиран. Меси има многу повеќе квалитети од обични голови и честопати е одлучувачки фудбалер. Велите дека снимката е од 93. минута, а има и фотографии кога јас седам и сум разочаран. Според вас, мораме да внимаваме на нашиот имиџ повеќе отколку на фудбалот и јас не се согласувам“, вели Куман.
If you are using this clip of Messi walking in the 93rd minute to prove that Ronaldo is your goat, it shows that you have run out of ideas to make yourself believe that Ronaldo is the goat. pic.twitter.com/Orq6qPViFv
— Noah ?⚪ (@Direda_Noah) November 5, 2020
Меси на удар на критичарите – Роналдо никогаш не би направил вака!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.