Спорт
Куртоа: Во Англија ме критикуваа, заслужувам поголем респект

Тибо Куртоа го имаше можеби мечот на својата кариера, помагајќи голот на Реал Мадрид да остане недопрен во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул, по што влезе во напа на англиските медиуми, кои според него не го почитуваат доволно.
30-годишниот Белгиец, кој освои две титули од Премиерлигата во седум години со Челси пред да направи трансфер во Реал Мадрид, во ЛШ оваа сезона имаше 59 одбрани со 80.56 отсто одбрани, но најдоброто го сочува за финалето, во кое имаше 9 одбрани.
„Кажав дека кога Мадрид игра финалиња, победува. Бев на вистинската страна на историјата. Ми беше потребна победа во финале за кариерата, за целата работа која ја имам посветено и мислам дека не добивам доволно почит, посебно во Англија. Видов многу критики, посебно во Англија. Ги победивме најдобрите клубови на светот“, изјави Куртоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ван Ерт со победа го зголеми водството на Тур де Франс

Белгиецот Вут ван Ерт триумфира на 4. етапа на Тур де Франс од Данкирк до Кале во должина од 171,5 километар, со фантастичен напад на 10 километри пред крајот за да го зголеми водството во генерален пласман.
По трите последователни втори места во првите три етапи, Белгиецот, конечно, стигна до својата седма етапна победа на Тур де Франс, со осум секунди предност пред Данецот Јаспер Филипсен и Французинот Кристоф Лапорт.
„Овој пат не сакав да ризикувам да загубам во спринт. Беше очигледно дека сите се подготвуваат за спринт и затоа со мојот тим одевме на поинаква стратегија“, вели Ван Ерт.
27-годишниот Белгиец сега има 25 секунди предност пред сонародникот Ив Ламперт, а актуелниот шампион и прв фаворит за титулата, Словенецот Тадеј Погачар, е трет со 32 секуни заостанување. Петтата етапа ќе ги однесе велосипедистите од Лил до Аино, со 20 километри калдрма во делот на патеката, каде што се вози класичната трка Париз – Рубе.
???? The Yellow Jersey gives you wings ????
The slow-motion look at @WoutvanAert‘s win!
???? Le @MaillotjauneLCL donne des ailes ! ????
Admirez l’arrivée de @WoutvanAert au ralenti !#TDF2022 pic.twitter.com/GcpOc6TWNp
— Tour de France™ (@LeTour) July 5, 2022
Спорт
Ѓоковиќ како „авион“ – се врати од 0-2 против Синер за ново полуфинале на Вимблдон

Походот на Новак Ѓоковиќ кон нова титула од Вимблдон продолжува, откако Србинот успеа да се врати од два сета негатива и навидум сигурен пораз за 5:7/2:6/6:3/6:2/6:2 победа над италијанската тениска надеж Јаник Синер, за кој сонот за прво гренд слем полуфинале ќе мора да почека.
Откако го загуби тесниот прв сет, Ѓоковиќ како да беше во „нокдаун“ во вториот, кој Италијанецот го освои за само 35 минути игра и изгледаше дека Синер ќе успее да ја забележи лесно својата најголема победа во кариерата. Но, Ѓоковиќ направи брејк за 3:1 водство за да го освои третиот сет, по што целосно ја презеде контролата во третиот сет и го освои со 6:2. Во последниот сет, Србинот осигура еден брејк на стартот, за да се пласира во своето 11. полуфинале на Вимблдон.
Таму ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу британската надеж Камерон Нори и Белгиецот Давид Гофан.
this Novak Djokovic shot ????
— Billy Heyen (@BillyHeyen) July 5, 2022
Спорт
Кирјос пред четврт-финалето на Вимблдон во Австралија доби обвинение за физички напад!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е обвинет за физички напад на поранешната девојка Кјара Пасари минатата година пред неговиот меч од четврт-финалето на Вимблдон против Чилеанецот Кристијан Гарин во средата.
27-годишниот Кирјос е обвинет дека ја нападнал манекенката Пасари и ќе мора да се појави пред австралискиот суд следниот месец, со обвинение што може да му донесе максимална затворска казна од 2 години.
„Обвинението е сериозно и господинот Кирјос ја сфаќа ситуацијата сериозно. Во овој момент тој нема да коментира“, изјави неговиот адвокат Џејсон Мофет.