Спорт
Кутињо: Бев лош сезонава, ќе работам напорно за да бидам подобар!

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо изјави дека е разочаран од своите игри во дресот на Барселона изминатата сезона и најави дека ќе работи напорно за да биде подобар и да ги оправда очекувањата.
Барса за него на Ливерпул му плати 160 милиони евра, а Бразилецот често беше цел на критики од јавноста, а публиката на „Камп ноу“ често го испраќаше со свирежи.
„Немав добра сезона. Моите настапи беа лоши, под она што очекував. Единствен начин да се поправам и да стекнам самодоверба е напорна работа и тоа е она што ќе го направам“, рекол Кутињо за шпанска „Марка“.
Медиумите шпекулираа дека Бразилецот е на излезната врата во Барселона и дека ќе премине во редовите на ПСЖ. Како опција се споменуваше негов трансфер и во Манчестер јунајтед, а многумина го гледаа и како нов играч на лондонски Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти ќе го продолжи договорот со Бразил до 2030 година

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов и продолжен договор со Бразил до 2030 година, водeјќи ја селекцијата во уште еден циклус за Светското првенство. Ова ја покажува големата доверба што Бразилската федерација ја има кон Анчелоти, откако долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата.
Според весникот „О’Глобо“, планот е да се обезбеди присуство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, без разлика на резултатите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Анчелоти неколку пати изјави дека тој и семејството се задоволни со улогата што ја има и дека би бил подготвен да прифати подолг договор.
Досегашниот негов ефект на клупата на „Селесао“ е три победи, еден пораз (0-1) од Боливија и едно реми (0-0) со Еквадор.
Анчелоти останува единствениот тренер во историјата што освоил петте најсилни европски првенства, Серија А, Ла Лига, Премиер Лига, Бундеслига и Лига 1.
Спорт
Проблем за Ливерпул, Конате е повреден

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим.
Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси.
Сега останува прашањето дали ќе биде во тимот на Ливерпул за следниот меч против Манчестер јунајтед.
Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.