Спорт
Кутињо: Новинарите лажат
Фелипе Кутињо негира дека одбил да влезе во игра на натпреварот против Селта во Виго.
Бразилецот во саботата на некого од клупата му рекол дека нема потреба да брза бидејќи судијата ќе означи крај на првиот дел. Серхи Бархуан сакаше да го внесе Кутињо на теренот на местото на повредениот Ансу Фати.
„Бев изненаден кога прочитав што пишуваат медиумите. Сум одбил да влезам во игра. Тоа не е точно, во текот на целата моја кариера сум голем професионалец. Новинарите некогаш пишуваат лаги“, рекол Кутињо.
Интересно, на почетокот на вториот дел на местото на Фати не влезе Кутињо, туку тинејџерот Балде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Седум играчи го напуштаат Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер е најголемото разочарување во Премиер лигата. Клубот кој пред седум години сензационално ја освои титулата, пред 10 дена испадна од лигата.
Во клубот има неколку исклучително квалитетни фудбалери, кои високо котираат на пазарот. Јасно е дека тие нема да останат во Лестер, туку ќе бидат продадени. Станува збор за Харви Барнс и Џејмс Медисон.
Клубот наведе седум играчи, кои на крајот од сезоната нема да бидат членови на тимот предводен од Дин Смит.
Јури Тилеманс и Чаглар Сојунџу се слободни играчи, Турчинот во јануари се договори со Атлетико и тој наскоро ќе биде промовиран во Мадрид. Покрај овие двајца во клубот нарената сезона сигурно нема да бидат Даниел Амарти, Нампалис Менди, Рајан Бертранд, Ајозе Перез и Тете.
Клубот исто така посочи дека моментално е во преговори со капитенот Џони Еванс за продолжување на договорот.
Лестер претходната сезона ја заврши на 18. место на табелата во Премиершип и заедно со Лидс и Саутемптон следната сезона ќе се бори за враќање во елитата.
Спорт
Азар ќе добие една третина од годишната плата
Еден Азар го напушти Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот. Белгиецот е најскапото засилување во историјата на Реал. За неговиот трансфер од Челси, во 2019 година, клубот плати 115.000.000 евра. Четири години подоцна едногласно е мислењето дека Азар е најлошото засилување во клупската историја.
Азар во периодот 2019-2023, одигра само 76 натпревари, постигна седум гола и забележа 12 асистенции. Особено тажна за него е штотуку завршената сезона, во која одигра помалку од 400 минути.
Белгиецот имаше договор со шпанскиот гигант и за следната сезона, но сфати дека нема смисла само да седи и да зема плата. Тој не сакал клубот да му ја исплати последната година од договорот, станува збор за бруто плата од 28 милиони евра.
Реал на неговиот џентлменски потег одговори со иста таков потег. Наместо да ја прифатат неговата понуда да си замине без обештетување, мадридскиот гигант ќе му исплати на Азар третина од договорената плата.
Спорт
Димитриевиќ не е во фокусот на Партизан

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е докажан навивач на Партизан, тој е слободен играч, но челниците на Партизан не ја разгледувале можноста за негов ангажман.
Бројни медиуми, домашни и странски, истиот ден кога Валенсија објави дека спогодбено го раскинала договорот со Димитријевиќ, 25. годишниот плејмејкер го поврзуваа со црно-белите.
„Спорт клуб“, повикувајќи се на свои извори, објави дека во Партизан во ниту еден момент не размислувале за кошаркарот кој предводеше Уникс до титулата во ВТБ лигата и беше МВП на финалната серија.
Раководството на Партизан е насочено кон задржување на поголемиот дел од постоечките сили, со оглед на тоа што договорите им истекуваат на сите странци, освен на Јам Мадар, како и на Алекса Аврамовиќ.
Според овој извор челниците на Партизан се фикусирани на преговорите со Кевин Пантер и Данте Ексум.
Димитријевиќ во неколку наврати потенцираше дека е голем навивач на клубот од Хумска.
„Моето семејство навива за Партизан и јас пораснав со Партизан. Бев во белградска арена во 2010 година кога Партизан против Макаби се пласираше на завршниот турнир во Евролигата. Се сеќавам на многу детали иако помина една деценија, а јас имав само 12 години. Атмосферата беше неверојатна, најдобра на натпревар во мојот живот“, изјави Димитријевиќ во интервју за „Спорт клуб“.
Инаку, според медиумите интерес за Димитријевиќ покажуваат Басконија, Баерн Минхен, Фенербахче, Зенит и УНИКС.