Спорт
Ангеловски може да избира – Лудогорец или Легија

Игор Ангеловски, творецот на најголемиот успех на македонскиот фудбал, е без работа од 1 август кога му заврши договорот со ФФМ. Ангеловски се повлече од репрезентацијата по натпреварот со Холандија на Европското првенство.
Шест месеци по дуелот во Амстердам, Ангеловски би можел да ѝ се врати на својата работа.
Бугарските медиуми тврдат дека е главен кандидат за нов тренер на Лудогорец, а Полјаците не ја исклучуваат можноста тој да ја преземе Легија Варшава.
Лудогорец неодамна го отпушти тренерот поради лошите резултати во Лига Европа, а Легија бара тренер што ќе го раздвижи тимот, кој игра скандалозно и се наоѓа на претпоследното место во домашното првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шеикот Мансур 15 години е газда на Сити, вечерва втор пат во живо ќе го гледа својот клуб

Шеикот Мансур е сопственик на Манчестер сити веќе 15 години, но денеска само вторпат во живо ќе го гледа својот клуб. Тој ќе биде присутен на финалниот меч во Истанбул, помеѓу Сити и Интер. доаѓа во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул.
Во овие 15 години, тој само еднаш го гледал во Сити, во 2010 година кога неговиот клуб победил на „Етихад“ со 3:0.
Манчестер сити, вечерва ќе се обиде да ја освои првата титула во Лигата на шампионите, односно третиот трофеј во сезоната, откако веќе победи во ФА Купот и Премиер лигата.
Лигата на шампионите треба да биде само конечна потврда за одличната сезона, но и за владеењето на Мансур.
Последен англиски клуб кој ја освоил тројната круна е Манчестер јунајтед. Тоа беше во 1999 година, кога тимот на Сер Алекс Фергусон ја потврди тројната круна со драматична победа над Баерн во финалето на Лигата на шампионите.
Спорт
Американците во целост го презедоа Лидс јунајтед

Сопствениците на НФЛ клубот Сан Франциско Фортиенерс постигнаа договор за купување на целиот удел во англискиот фудбалски клуб Лидс, соопштија денеска од клубот.
Оваа групација, досега имаше 44 отсто учество во Лидс, кој на крајот од сезоната испадна во Чемпионшип.
„Двете страни продолжуваат да работат на деталите… Клубот останува целосно фокусиран на брзо враќање во Премиер лигата“, се вели во соопштението.
Според медиумите, на вредноста на договорот влијаело испаѓањето во втората лига па наместо 460 милиони евра, италијанскиот бизнисмен на чело на Лидс, Андреа Радрицани, од шродажбата добил 200 милиони евра.
Радрицани е на чело на Лидс од 2017 година, во неговиот мандат клубот по 16 години се врати во Премиер лигата (2020 година).
Спорт
Брахим Дијаз се врати во Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска го потврди дека Брахим Дијаз се врати во клубот. Младиот Шпанец изминатите три сезони играше на позајмица во Милан.
Реал потврди дека Дијаз ќе биде претставен во вторник на 13 јуни во 20:00 часот.
Реал во своето соопштение истакна дека Дијаз беше еден од клучните играчи на Милан во кампањата за скудетото минатата сезона, како и оваа сезона на патот до полуфиналето во Лигата на шампионите.
Тој пристигна во Реал во јануари 2019 година од Манчестер сити за 17 милиони евра. Откако не успеа да се наметне, прифати да оди на позајмица во Милано.
Шпанецот одигра 124 натпревари во дресот на Милан со учинок од 18 гола и 15 асистенции.
👊 #BrahimIsBack 👊 pic.twitter.com/ieZ9cAq3St
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 10, 2023