Спорт
Кваљарела „растура“ на 36 години – сега е израмнет со Роналдо! (видео)
Фабио Кваљарела се израмни со Кристијано Роналдо на 19 голови како најдобар стрелец во италијанската Серија А, откако ги постигна двата гола за 2:0 победа на Сампдорија на гости кај СПАЛ.
36-годишниот Кваљарела игра во неверојатна форма оваа сезона, по што доби повик и за во италијанската репрезентација, а против СПАЛ тоа го покажа во седум минути на стартот на мечот – постигнувајќи голови во 4. и во 11. минута.
Кваљарела е само вториот фудбалер во историјата на клубот од Џенова кој постигнал барем 19 голови во две сезони едноподруго, бидејќи единствениот пред него беше Винченцо Монтела во 1996/97 и 1997/98.
СЕРИЈА А, 26. КОЛО
Торино – Киево 3:0
Џенова – Фрозиноне 0:0
СПАЛ – Сампдорија 1:2
Удинезе – Болоња 2:1
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Инвазија на Албанци во Дортмунд – 50.000 ќе бидат во градот за мечот со Италија
Се ближи првиот натпревар на Албанија на Европското првенство, кој оваа селекција в сабота од 21:00 часот во Дортмунд го игра против Италија.
За тој меч во најмала рака има огромен интерес кај албанските навивачи, од кои само во Германија има доволно за да го нападнат стадионот на Борусија.
Сепак, нема да можат сите да влезат, но и оние кои немаат билети ќе бидат присутни во градот на денот на натпреварот. И на тој начин сакаат да го поддржат својот тим.
Италијанските медиуми имаат информации дека тој ден во Дортмунд ќе се соберат 50.000 Албанци за да и дадат „ветер во грб“ на селекцијата на Бразилецот Силвињо.
За албанската инвазија на Дортмунд и стадионот ден претходно зборуваше легендарниот Џанлуиџи Буфон, кој процени дека 80% од стадионот ќе биде исполнет со навивачи на албанската репрезентација.
Стадионот на Борусија вообичаено собира 82.000 луѓе, но од безбедносни причини УЕФА ја намали таа бројка за 20.000 бидејќи беа поставени места на трибината која традиционално им припаѓа на најжестоките навивачи на Борусија.
Спорт
Тотенхем го раскина договорот со Ндомбеле
Францускиот фудбалер Танги Ндомбеле и Тотенхем спогодбено го раскинаа договорот, соопшти денеска клубот од Лондон.
Ндомбеле пристигна во Тотенхем во 2019 година од Лион за 65 милиони евра. Неговиот договор истекува во јуни 2025 година, но играчот сега ќе може слободно да избере нов клуб.
Францускиот играч за врска одигра 91 натпревар за Тотенхем и постигна 10 голови.
Како позајмен играч од Тотенхем настапуваше за Лион, Наполи и Галатасарај.
Спорт
Теодосиќ го продолжи договорот со Црвена звезда
Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ го продолжи договорот со Црвена звезда.
„Оле, оле, олеее“, накратко напишаа од клубот, алудирајќи на песната што навивачите му ја пеат на Милош Теодосиќ
Освојувачот на тројната круна со Црвена Звезда и еден од најдобрите српски кошаркари во изминатата деценија дресот на саканиот клуб ќе го носи и во сезоната 2024/2025.
Теодосиќ и покрај тоа што има 37 години, минатата сезона беше клучниот играч на Црвена звезда.
Црвена звезда продолжи со формирање на тимот за наредната сезона. Пред Теодосиќ клубот го засили Урош Плавшиќ, а продолжени се договорите на Бранко Лазиќ, Рокас Гедраитис и Џоел Боломој. Според српските медиуми наскоро во Белград ќе пристигнат Ајзеа Кена од Олимпијакос и Коди Милер-Мекинтаер од Баконија.