Спорт
Кварацхелија ќе остане во Наполи до 2029 година
Хвича Кварацхелија се договори со Наполи, ќе потпише нов договор до 2029 година. Грузискиот репрезентативец ќе добие значително покачување на платата, годишно ќе заработува по 6.000.000 евра.
Кварацхелија, во јуни 2022 година пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 13.000.000 евра. Со новиот догоор доби три пати поголема плата. Крилниот напаѓач беше еден од клучните играчи на Наполи во шампионската сезона.
Кварацхелија досега за Наполи одиграл 89 натпревари и постигна 25 гола, со 26 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рускиот фудбал добива милиони од УЕФА и ФИФА
Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството во овие органнизации.
Ова се парите што секоја година ги добива секоја друга Федерација во Европа и светот.
Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и ФИФА од 2022 година, но и покрај суспензијата Руската фудбалска федерација имала редовен прилив на пари.
Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубли од ФИФА и УЕФА.
Тоа се приближно четири милиони евра.
Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари.
Спорт
Каи Хаверц, најлоша партија во историјата на Премиер лигата
Манчестер сити и Арсенал ги поделија бодовите во дербито во Премиер лигата. Натпреварот заврши со резултат 2:2, а дуелот ќе остане запаметен по катастрофалната статистика на Каи Хаверц, најлоша откако се води статистиката во Премиер лигата.
Германскиот репрезентативец ги помина сите 90 минути на теренот (ако се смета и надополнувањето на времето и многу повеќе) и за тоа време не направи ништо, буквално ништо.
Тој стана првиот играч кој немаше ниту едно успешно додавање до соиграч во текот на целиот натпревар. Од пет обиди, ниту една топка не заврши кај неговите соиграчи. Од седум дуели на земја, тој ги загуби сите седум, ги загуби сите четири „воздушни“ дуели.
Kai Havertz is the first player to play 90 minutes and complete 0 passes in a game in the last 7 PL seasons. pic.twitter.com/EjDoC9kEKa
— StatMuse FC (@statmusefc) September 22, 2024
Спорт
Потер ја следи ситуацијата во Евертон, подготвен е да ја прифати понудата ако Дајч добие отказ
Поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи, Греам Потер е подготвен да се врати на работа.
Потер пред 18 месеци го напушти Челзи, оттогаш се поврзува со бројни клубови како Кристал Палас, Ајакс, дури и со клупата на англиската репрезентација, но конкретни преговори не водел со ниту еден клуб.
Поранешниот тренер на Брајтон сега го следи расплетот на ситуацијата во Евертон и е подготвен да ја прифати понудата на клубот во случај Шон Дајч да добие отказ.
Евертон е изедначен на последното место во Премиер лигата со Вулверхемптон со само еден освоен бод и гол разлика 5:14.
Шон Дајч и претходно бил во слични ситуации, но секогаш наоѓал начин да се извлече.
Ако сега не му успее, Греам Потер е подготвен да го преземе великанот од „Гудисон“.
Во следното коло Евертон го пречекува Кристал Палас.