Контакт

Спорт

„Л`Екип“: Нејмар го наговара Кутињо да дојде во Париз

Објавено пред

Бразилската ѕвезда во редовите на ПСЖ , Нејмар сака во Париз да го донесе неговиот сонародник од Барселона, Кутињо, пишува „Л`Екип“.

Според информациите на угледниот медиум, Барселона сака да го „откаќи“ најскапиот фудбалер во клупската историја кој по година ипол помината на „Ноу Камп“ не се прослави со своите настапи.

Каталонците го платија Кутињо 135 милиони евра, а сега, според информациите, се подготвени да го продадат за 100 милиони евра.

За ПСЖ се претпоставува дека финансискиот дел не е проблем, останува Нејмар да го убеди својот голем пријател да дојде на „Паркот на принцовите“.

Пред да дојде во Барселона, Кутињо беше ударната игла во нападот на Ливерпул, но во Каталонија се пресели, како што кажа, за да ја освои Лигата на шампиони.

Спорт

Крос останува во Реал најмалку до 2023 година

Објавено пред

Тони Крос го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година ставајќи крај на шпекулациите дека сака да замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Германецот имаше договор со мадридскиот клуб до 2022, но сега со обновениот договор ќе остане барем уште 12 месеци бидејќи Зинедин Зидан ја има довербата во фудбалерот од средниот ред.

„Реал Мадрид и Тони Крос се согласија да го продолжат договорот на фудбалерот до 30 јуни 2023 година“, објавија на веб-страницата на Реал Мадрид.

Неодамна, Зидан му изрази доверба на Германецот.

„Тони е клучен фудбалер. Тој е во Мадрид веќе пет години и заврши одлична работа. Се работи за голем фудбалер, кој носи мир на теренот. Секогаш ми се допаѓал“, изјави Зидан.

Крос дојде од Баерн Минхен во 2014 година и со Реал освои три титули од Лигата на шампионите и една од Ла Лига со над 230 настапи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Азаренка: Кога останав бремена, мислев дека кариерата ми е завршена

Објавено пред

Двократната гренд слем шампионка, Викторија Азаренка, признава дека кога останала бремена во 2016 година, мислела дека тоа значи крај на нејзината кариера, но вели дека по раѓањето на својот син е уште посилна.

Белорусинката беше на шестото место на ВТА-листата кога во јули 2016 престана со игра пред да се врати на спортот во јуни 2017 година.

„Бев многу исплашена и не ми беше лесно. Знаев дека ќе можам да се вратам, но првата мисла ми беше: ’Боже, нема да играм тенис повторно’. Благослов е да имаш деца, но уште ја сакав мојата кариера и моите соништа. Знам дека многу жени нема да може да ме сфатат, но јас се чувствував многу подобро по бременоста. Физички многу сум посилна и телото ми стана подобро“, вели Азаренка во интервју за Би-би-си.

Азаренка и нејзината блиска пријателка, Серена Вилијамс, која стана мајка во 2017 година, се некои од тенисерките што поведоа кампања за тие што ќе отидат на породилно отсуство да имаат заштитен рејтинг на ВТА-листата. По ова, ВТА ги смени правилата на почетокот на 2019, со што новите мајки ќе имаат право да влезат на 12 турнири во следните три години со својот претходен рејтинг за да избегнат носителки во првото коло.

„Имавме моќ да ги смениме правилата и ако не ме паметат по гренд слем титулите, тогаш нека ме паметат по тоа – дека се борев за жените да имаат поголеми права“, изјави 29-годишната Азаренка.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алонсо не успеа да се квалификува за Инди 500!

Објавено пред

Можноста Фернандо Алонсо да ја оствари тројната круна во мотоспортот ќе мора да почека барем една година кога двократниот Формула 1-шампион не успеа да се квалификува за Индијанаполис 500 трката на таканаречениот бамп-ден на славната американска патека.

Алонсо успеа да постигне само четврто најдобро време од шесте возачи што се бореа за последните три позиции на стартот и Шпанецот со Мекларен останува без трка кога Кајл Кајзер, последниот возач на патеката, успеа да го победи.

Ова е засрамувачка случка за Мекларен откако тимот се мачеше со постојани проблеми со болидот и едноставно не беа доволно брзи за настап.

„Квалификациите беа навистина долги, речиси 56 часа од вчераутро. Вчера, бевме 31. наместо 30., денеска 34. наместо 33., така што навистина немавме среќа. Разочаран сум што нема да возам следната недела. Му благодарам на тимот и сега ќе ја гледаме трката на ТВ, за жал“, изјави Алонсо.

Французинот Симон Пажено ќе го стартува 103. издание на Индијанаполис 500 од пол-позицијата. Трката се одржува следната недела во 17 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија3 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа4 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech4 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет5 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа22 часа

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија24 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија24 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие