Спорт
Лацио ќе преговара за Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на попуст
Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, признава дека римскиот клуб ќе ги слушне сите понуди за српскиот фудбалер од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на „попуст“ поради кризата предизвикана од корона вирусот.
Популарниот СМС претходно беше поврзуван со трансфери во Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, но и во италијанските ривали Интер и Јувентус. Лацио претходно објави дека очекува барем 100 милиони евра за него и Таре не очекува пад на цената за „првокласните“ фудбалери како 25-годишниот Србин.
„Едно е сигурно, сега не мораме да продаваме. Многу работи ќе се сменат на пазарот на фудбалери поради пандемијата која трансформираше многу работи и мораме да бидеме креативни, заддржувајќи ја нашата визија за иднината. Мислам дека за првокласните фудбалери нема да има пад на цените. За тие од средината и од дното ќе има надолен тренд. За Милинковиќ-Савиќ, неговата врска со градот и со Лацио никогаш нема да се уништи. Ако тој сака, тогаш ќе ја процениме одлуката без притисок и за доброто на двете страни. Ако има можност која го задоволува клубот и фудбалерот, ќе направиме проценка. Ако не, ние сме среќни тој да остане со нас“, вели Таре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Медиумите го преселија Влаховиќ во Ливерпул
Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде.
Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда.
Нејасно е само како би им помогнал Влаховиќ, кога не може да игра уште три месеци.
Според овие извори, во Ливерпул сериозно ја разгледувале оваа опција и биле подготвени да понудат 20 милиони евра за напаѓачот.
Оваа сума би ја прифатиле во Јувентус, бидејќи зимскиот преоден рок е последна шанса да заработат од трансферот на Влаховиќ, во споритвно тој во јуни ќе замине без обешстетување.
Foto/ depositphotos
Спорт
Атлетико ќе му понуди нов договор на Чоло Симеоне
Намерата на челниците на Атлетико Мадрид е да ја продолжат соработката со нивниот долгогодишен тренер Диего Чоло Симеоне, објави шпанска „Марка“.
Според овој извор, официјалните преговори со темпераментниот аргентински стручњак сè уште не се започнати, но Атлетико е убеден дека Симеоне е најдоброто решение за клубот.
Поради неговата филозофија, посветеност и способност да создава конкурентен тим секоја сезона.
Актуелниот договор на популарниот Чоло со Атлетико истекува во јуни 2027 година, а тој е на клупата од декември 2011 година.
Со Атлетико, Симеоне освои две титули во шпанското првенство, две титули во Лига Европа, а двапати го загуби финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал, двапати на повеќе од несреќен начин.
Да ве потсетиме дека Чоло е убедливо најплатениот тренер во светот со плата од 3,3 милиони евра месечно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мареска отпишал шестмина, си одат од Челзи во јануари
Фудбалскиот клуб Челзи има намера да се откаже од најмалку шест играчи во зимскиот преоден рок.
Енцо Мареска во летниот преоден рок подвлече дека има премногу играчи во тимот, но тогаш не успеа да го скрати спиското. Сега клупските челници ќе се обдат да го намалат ростерот.
Мареска јасно стави до знаење дека вишок се: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашиле и голманот Филип Јоргенсен.
Од почетокот на оваа сезона, само Адарабијо понекогаш добиваше шанса, но беше доста лош и Мареска го отстрани од тимот по натпреварот во Лидс и практично го стави на трансфер листата.
Засега не е познато каде би можеле да одат споменатите играчи, но се знае дека Стерлинг има понуди од Лидс и Кристал Палас, дека Дисаси и се нуди на Рома, за останатите, останува да се види каде ќе ги продолжат кариерите.
Fptp/ depositphotos

