Спорт
Лампард руши негативни рекорди

Френк Лампард пред три недели се врати во Челси, а синоќа влезе во клупската историја, како најнеуспешниот менаџер во 118. годишната историја.
Челси го назначи Лампард за менаџер откако го отпушти Грем Потер поради серијата на лоши резултати. Лампард ја прифати понудата да биде преодно решение, односно да го води Челси до крајот на сезоната.
Поранешниуот капитен, вториот мандат на клупата на Челси го започна со поразот од Вулверхемптон (1:0), потоа следуваше поразот од Реал во Мадрид (2:0), па поразот од Брајтон на домашен терен во Премиер лигата (2:1). Лошата серија Лампард ја продолжи синоќа со вториот пораз од Реал (2:0) на „Стенфорд Бриџ“.
Лампард стана првиот менаџер во 118.годишната на Челси кој во првите четири натпревари забележал исто толку порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барселона го извиси Реал, го напушти проектот Суперлига

Реал Мадрид остана сам во проектот наречен Европска Суперлига. Најверниот сојузник на Реал, Барселона, се откажа од проектот.
Како што објави Радио Каталуња, Барселона е задоволна од промените што ги направи УЕФА во новиот формат на Лигата на шампионите, па затоа повеќе не сака да го турка проектот околу новото натпреварување. Мотивот за основање на Суперлигата беше токму од финансиска природа.
Најбогатите европски клубови се обидоа да формираат натпреварување во кое ќе учествуваат и во кое ќе можат да заработат многу повеќе пари отколку што беше случај во натпреварувањата под покровителство на УЕФА.
Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид, сега е сам во своите напори за лансирање на Суперлигата.
Односите меѓу УЕФА и Барселона се подобрија во последните неколку месеци. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, го гледаше како гостин на Барселона натпреварот против ПСЖ од ВИП ложата.
Барселона е во финансиска криза неколку години и мора да работи според посебни правила, според кои не смее да троши повеќе отколку што заработува.
Суперлигата е проект кој беше прифатен од најголемите европски клубови во 2021 година, но тие набрзо се повлекоа, главно под притисок на навивачите.
Спорт
Ѓоковиќ со победа стартуваше во Шангај

Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути.
Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем.
Чилиќ, кој играше можне добро во тај-брекот се распадна. Го освои првиот поен, на крајот 13-от гем му припадна на Ѓоковиќ со 7:2.
Добрата игра од финишот на првиот сет, Ѓоковиќ ја пренесе во вториот, во третиот гем направи брејк, а потоа беше мошне сигурен во своите сервис гемови и го доби Чилиќ 20-ти пат во нивниот 22-ри меч.
Инаку ова беше „најстариот“ меч во историјата на турнирите од Мастерс серијата. Ѓоковиќ и Чилиќ заедно имаат 75 години и 139 дена.
Ѓоковиќ во третото коло ќе игра против Ханфман кој го победи Френсис Тијафо со 6:7 (9:11), 6:2, 6:1
Спорт
Спалети ја одби, Консеисао ја прифати понудата од Ал-Итихад

Трофејниот италијански тренер Лучано Спалети беше главен кандидат да го преземе тимот на шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, откако ја одби понудата, клубот од Џеда, реши да го ангажира Серж Консеисао.
Спалети ја напушти функцијата селектор на Италија ова лето и со месеци има понуди каде што би можел да ја продолжи тренерската кариера, но очигледно не брза бидејќи смета дека првенството на Саудиска Арабија не е доволно привлечно.
Затоа, клубот се одлучи за Консеисао, а според португалските медиуми, тренерот кој последен пат работеше во Милан дал потврден одговор.
Двете страни постигнале договор и сè што останува е да се одреди времетраењето на договорот, па Консеисао и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Ал-Итихад.
По поразот во дербито против Ал Наср, тимот доживеа колапс и во Азиската Лига на шампиони против Ал-Ахли од Дубаи.
Офоцијалното деби Консеисао треба да го има на 17 октомври.
Фото/ Принтскрин