Спорт
Лапорта ги предупреди ривалите: Барселона се враќа на врвот
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги предупреди своите ривали во Шпанија и во Европа дека Блауграна се „вратија“ и дека ќе се борат за најдобрите фудбалери следното лето при презентацијата на Феран Торес во понеделникот, иако уште го немаат регистрирано засилувањето од Манчестер сити.
Барса не можеше да си дозволи да го задржи Лионел Меси и се согласи да му дозволи на Антоан Гризман да замине во Атлетико Мадрид поради финансиските проблеми и долгот од 1.35 милијарди евра, но претседателот на каталонскиот клуб верува дека најтешкото е зад нив.
„Дозволете ми да не зборувам за поедини фудбалери, бидејќи тоа не оди во корист никому. Но, работиме за летниот преоден рок. Сите работи кои се возможни. Барселона уште е репер за другите. Секој фудбалер на планатета сака да дојде тука, а го имаме и нашиот статус на пазарот на играчи. Нека се подготвени, бидејќи Барселона се врати, и доаѓањето на Феран го покажува тоа. Враќањето на Барса е реалност и фудбалскиот свет ќе го сфати тоа“, изјави Лапорта.
Оптимизмот на Лапорта е во целосна спротивност со реалноста на „Ноу Камп“. Ла лига им дозовли да трошат оваа сезона само 97 милиони евра и дополнителни 25 отсто од тоа што ќе зачуваат. Тие се на петтото место во Ла лига и испаднаа во групната фаза на Лигата на шампиони, а сега ќе мораат да продаваат играчи да го регистрираат Торес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

